за

Концернот Volkswagen со 660.000 вработени во кампања за Денот на Земјата

Во име на утрешниот Ден на Земјата, вработените во концернот Volkswagen ќе издвојат еден час од своето време, да дадат придонес за заштита на климата.

Од фабриката во Чатануга до Пекинг, од марката Audi до марката комерцијални возила Volkswagen. За утрешниот светски Ден на Земјата, 22-ри април, дванаесетте марки на концернот Volkswagen се подготвуваат еден час од работното време да посветат на информирање и давање предлози за спречување на климатските промени.

Концернот Volkswagen е потписник на париската климатска конвенција и до 2050 година цели билансот да биде неутрален во однос на емисијата на СО2. За таа цел масовно се воведува електричниот погон и се преземаат мерки за смалување на емисијата во целиот производствен синџир, од добавувачите до рециклирањето.

Со утрешната акција, Volkswagen сака да укаже на тоа дека заштитата на климата се состои и од заложбите на единката, на секој човек. За светскиот Ден на Земјата, вработените во концернот утре ќе ги прекинат своите редовни работни обврски и ќе се информираат за климатските промени, за пресметување на сопствениот СО2-отпечаток и за мерките што може да ги преземе во насока кон заштитата на климата.

Тоа може да се постигне преку заштеда на енергија на работното место или во домот, со избор на превоз што најмалку ѝ наштетува на климата, а некои во мерките вклучуваат дури и смалување на конзумирањето месо. Предлозите за заштита на климата на работното место ќе се собираат по завршувањето на #Project1Hour и најдобрите предлози ќе се применат доколку постои можност за тоа.

#Project1Hour е најголемата климатска кампања во историјата на Volkswagen, во којашто ќе учествуваат 660.000 вработени во концернот

Гласноговорнкикот на независниот совет за одржливост на Volkswagen, Георг Кел, има мошне убедлива порака: „660.000 вработени ширум светот ќе направат ова да биде веројатно најголемата работничка акција за заштита на климата во историјата на индустријата. Но, овојпат не се работи за тоа, да се биде подобар, поголем, поважен од останатите. Овојпат треба да се биде дел од глобалната одговорна заедница. Зедница во којашто секоја компанија и секоја единка дава придонес да се ограничат еколошките последици од климатските промени“.

Секоја компанија и секоја марка на различен начин ќе го одбележат денот. Во централата на Volkswagen за регионот на Јужна Африка, на пример, ќе се насади површина со пречник од 45 метри, со изглед на логото на VW, со дрва со висока абсорбција на СО2. Audi во Брисел исто ќе зазелени нов простор, додека нивните колеги во Инголштат и Некарсулм ќе џогираат и по пат ќе собираат отпад. SEAT еден час ќе ги запре лентите во Марторел. Вработените во MAN во Стараховице на доаѓање на работа, на портирница ќе ги заменуваат старите електрични уреди со дрвца за насад.

Денот на Земјата првпат се одржа во 1970 година во САД.

>>> Шефови на големи компании во сојуз против климатските промени

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Германија сака повеќе велосипедисти по улиците

Трамбуси во Скопје, роботизирани минибуси во Карлсруе