Дванаесет генерални директори на гигантски компании со седиште во Европа, вклучувајќи ги првите лица во Volkswagen, Scania, Philips и Siemens, заеднички ќе се борат за намалување на емисијата на СО2 на индустријата и на општеството.
Директори на највлијателни европски компании, меѓу нив и првиот човек на Volkswagen, др. Херберт Дис, здружено ќе се борат за иднина со нулта емисија на СО2. Европската Унија се обврза за нулта емисија на СО2 до 2050 година. Сите 12 директори ги подржуваат целите на Париз 2050, на Зелениот дил на ЕУ и на амбициите за воведување уште построги климатски цели.
Компаниите што ги претставуваат дузината топ-менаџери, создаваат годишен промет во висина од 600 билиони евра и вработуваат 1,7 милион лица. На првиот состанок во германскиот град Штутгарт, алијансата што вклучува повеќе индустрии заклучи: „Климатските цени на Европската Унија се остварливи. Нашите индустрии не го блокираат, туку напротив, го поттикуваат преоѓањето кон економија со нулта емисија на СО2.“
Алијансата на директорите ќе инвестира повеќе од 100 билиони во плановите за декарбонизација во текот на следните години. Секој член има развиено сопствена стратегија за остварување на целта, преку намалување на емисијата на СО2 и со понуда на одржливи производи и услуги. Во постигнувањето на целите за СО2, секој член и секој сектор е зависен од останатите членови и сектори, што прави здружените активности да бидат клучен фактор во алијансата.
Директорскиот сојуз против климатските промени ќе се посвети во шест полиња:
- Во енергетиката, во брзо зголемување на производството на енергија од обновливи извори.
- Во мобилноста и транспортот, во проширување на мрежата од полначи и во електрификација во транспортот на стока по секаков пат, вклучувајќи и бродски транспорт.
- Во производство со нулто влијание и во одржливо производство на батерии.
- Во градежништвото, во канцеларии што не произведуваат СО2 и во планирање одржливи зелени градови.
- Во нови бизнис модели, кои преку дигитални технологии ќе откриваат ослободување СО2
- Во финансирањето во подрачјето на одржливоста исто така ќе се бараат нови шанси.
Алијансата ќе соработува и на социјални контакти, за засилување на дијалогот меѓу приватниот сектор, јавниот сектор и граѓанското општество. Секако се очекува и политичките лидери да дадат поддршка и субвенции.
Климатскиот сојуз го сочинуваат генералните директори од следните компании: ABB, AkzoNobel, Eon, Enel, Iberdrola, A.P. Møller Maersk, Philips, SAP, Scania, Schneider Electric, Siemens и Volkswagen.