за

Volvo стартува со електричниот XC40, испораки веќе од месецов

Volvo XC40 Recharge е прв во низата електрични модели, со кои шведскиот производител цели да ја смали емисијата на СО2 за 40 проценти до средината од деценијава.

Volvo стартува со електричниот XC40, испораки веќе од месецов

Шведскиот производител предвидува дека половината од продажбата на возила во 2025 година ќе ја реализира со електрични автомобили. Втората половина ќе бидат хибриди. Клучниот чекор во постигнувањето на таа цел е почетокот на производството на Volvo XC40, кој вози само на струја.

Пазарот покажа исклучително расположение за првиот целосно електричен автомобил на Volvo. Предвидената продукција на Volvo XC40 Recharge за трите месеци до завршетокот на годинава, комплетно е распродадена. Volvo продолжува да прима нарачки, но е очигледно дека уште сега мора да се смета на долги рокови на испорака. Купувачите што беа најбрзи, своите примероци од електричниот СУВ во класата на Tiguan ќе го добијат веќе кон завршетокот на октомври.

Официјалниот почеток на сериското производство следи по периодот на внимателни подготовки во фабриката во Гент, Белгија, за електричниот модел. Претсериското производство, што е стандардна постапка за секој нов модел, има за цел да постигне беспрекорно одвивање на производствените процеси, исто како и врвен квалитет за секој автомобил што ја напушта произзводствената лента. Оваа фаза служи и за персоналот да стекне рутина во производството, а дополнително и за гарантирање безбедност во работата со исклучително висок напон.

Овој ден е историски за Volvo Cars и за сите вработени во фабриката во Гент,“ изјави Хавиер Варела, директор за индустриски процеси и квалитет. „Со продолжувањето на електрификација на нашата понуда од модели, фабриката во Гент ги поставува одредниците за нашата производствена мрежа.“

Платформата CMA се користи и за електричниот Polestar 2, како и за неколку модели на Lynk & Co и Geely

Како комплетно електрична верзија на најпродаваниот модел XC40 и прв модел на Volvo што ја освоил титулата на автомобил на годината во Европа, XC40 Recharge ја користи компактната модуларна архитектура (платформа CMA), како напредна платформа што е изработена во соработка со групацијата Geely.

Volvo ја пушти новата монтажна линија за батерии во Гент

Со погон на сите тркала и со моќност од 408 КС, компактниот СУВ на струја постигнува досег од преку 400 километри – според реалната норма WLTP. При користење брз полнач со еднонасочна струја, батеријата се полни до 80% за приближно 40 минути.

Новиот модел располага и со нов инфо-забавен систем што се базира врз Андроид, со единствени можности за персонализација, лесно користење и со технологија на Гугл, меѓу кои Google Assistant, Google Maps и Google Play Store. Нов софтвер се вчитува преку онлајн врска, без потреба да се посетува сервисна работилница. Посебен детал претставува дополнителниот багажник под хаубата, што се должи на компактните димензии на електричниот погон.

>>> Тест: Volvo XC40 D4 Momentum

Volvo XC40 test

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia Soul со најдобра препорака за љубителите на кучиња

Kia ја зголеми продажбата во септември за 10 проценти

Шефови на големи компании во сојуз против климатските промени

Шефови на големи компании во сојуз против климатските промени