за

Преку мобилен телефон до нови функции во Audi

Audi на своите клиенти во Норвешка и Германија им нуди можност да вклучат нови функции во возилото преку мобилна апликација – по купувањето на возилото.

Audi functions on demand

Индивидуализацијата добива нова смисла во автомобилите на Audi со Functions on Demand, односно со функциите што стануваат достапни по барање. Функциите се вклучуваат онлајн преку мобилната апликација myAudi.

Дигиталниот свет делува во сиот обем во автомобилите на Audi. Новината кај баварскиот производител се води како Functions on Demand, односно функции по барање. Станува збор за радикална промена при избирањето на дополнителната опрема во возилото. Досега беше вообичаено клиентот внимателно да ги избере функциите што ги сака во своето идно возило, пред истото да се произведе по нарачка и да се испорача. Тоа е сменето од корен.

Клиентите на марката со четирите прстени отсега имаат можност одредени функции на светлата, системите за асистенција и инфо-забавниот систем, да ги вклучуваат по желба дури и по испорачувањето на возилото. Може да се избира и временскиот период во којшто ќе остане вклучена функцијата. Тоа е практично преплата на опрема, односно на одредени функции во возилото.

Бидејќи е голем обемот на функции што се достапни на овој начин, Audi го наведува примерот со своите електрични СУВ-модели e-tron. Кај овие модели може отпосле да се доплати за диодните светла да се „апгрејдуваат“ во матрични диодни светла со автоматско долго светло. Друг пример е инфо-забавниот систем, што преку Functions on demand, се унапредува на следното ниво, во MMI Plus и Audi smartphone interface. Доплатите се исти како во ценовникот за дополнителна опрема.

Новината во функционалноста е достапна уште во актуелните моделски серии A4, A5, A6, A7, Q5, Q7 и Q8. Во план се и останатите моделски серии, како и нови функции. Од моделот и од пазарот зависи кои се функциите што може да се вклучат отпосле.

Уште една фер опција е можноста за тестирање на одредена опција во времетраење од еден меец. Потоа може да се доплати за функцијата или корисникот да се откаже доколку истата не ги исполнува неговите очекувања.

Вклучувањето и наплатата се вршат преку апликација или преку веб-порталот на myAudi. Секако дека Audi се има погрижено за највисока безбедност при трансакциите. Откако софтверот ќе се вчита во возилото, преостанува само да се стартува возилото од ново и функциите веќе се на располагање.

>>> Audi A3 со приклучен хибрид минува 78 km на струја

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Шефови на големи компании во сојуз против климатските промени

Шефови на големи компании во сојуз против климатските промени

Toyota најавува камион со погон на водород за Северна Америка

Toyota најавува камион со погон на водород за Северна Америка