Toyota најавува камион со погон на водород за Северна Америка

Toyota најавува камион со погон на водород за Северна Америка

Шпедитерите покажаа огромен интерес за тешки камиони со електричен погон, кои покрај погодноста за животната средина, им носат и значлително пониски оперативни трoшоци. Огранокот на Toyota за Северна Америка (TMNA) и Hino USA, сопствена камионска дивизија на јапонскиот концерн, заеднички ќе развиваат камион од тешка категорија со погон на водород.

Како основа за „водородниот“ камион ќе се користи шасијата на новата серија камиони Hino XL. Во неа ќе се вгради напредната технологија со горивни ќелии на Toyota. Соработката следи како проширување на проектот за заеднички развој на 25-тонски камион за јапонскиот пазар, што двата партнери го стартуваат во почетокот на годинава. Првите прототипи за демо-намени може да се очекуваваат уште во првата половина од 2021 година.

Верзија со погон со горивни ќелии на серијата Hino XL е вин-вин и за клиентите и за заедницата. Таа ќе биде тивка, култивирана и моќна, а единствено што ќе испушта е вода,“ изјави Так Јоку, главен инженер во одделението за истражување и развој на Toyota во САД. „Повеќе од дваесетгодишното искуство на Toyota во технологијата со горивни ќелии, во спој со искуството на Hino во сегментот на тешките камиони, ќе создаде иновативен и конкурентен производ.“

>>> Toyota разви камион со водороден погон, досегот 600 километри

Претходна објаваПреку мобилен телефон до нови функции во Audi
Следна објаваBMW X3 на бензин, дизел, бензин и струја, само на струја

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here