за

Трамбуси во Скопје, роботизирани минибуси во Карлсруе

Точно за Денот на планетата Земја, 22-ри април, во германскиот град Карсруе започнува тестирање на минибуси што управуваат самостојно и се повикуваат со мобилна апликација.

Скопје најавува контроверзен систем со автобуси што ќе глумат трамваи, германскиот град Карслуе со своите 300.000 жители е веќе во иднината во поглед на јавниот превоз. Првпат во Германија стартуваат целосно автоматски минибуси. Секако дека тие имаат електричен погон, но и управуваат целосно самостојно во сообраќајот, а посебно е развиена мобилна апликација.

Германците велат дека се случува пресвртница во јавниот превоз. Градот Карлсруе прв во земјата стартува со проект со елеткрични, вмрежени и целосно автоматизирани минибуси. Со чист и тивок електричен погон, тие се повикуваат преку мобилна апликација.

Трите минибуси носат имиња Ела, Вера и Ана, и тие ќе сообраќаат целосно самостојно во градското подрачје Вајерфелд-Дамершток. Секако дека на завршното тестирање што почнува утре, на 22-ри април, му претходеа бројни проверки на безбедноста и на функционирањето. Исто се проверуваше и сигурноста од кибер-напади, а се спроведе и врвна обука на возачите што во минибусите ќе имаат само улога да ја обезбедуваат техниката во нејзината работа – така пропишуваат законите.

Проектот е финансиран од Сојузното министерство за сообраќај и дигитална инфраструктура, со средства во висина од 2,5 милиони евра. Партнери во проектот се сообраќајното претпријатие Карлсруе, ioki GmbH – посестринска компанија на Германската Железница и Информатичкиот центар за истражување, како и неизоставниот TÜV.

На роботизираните минибуси Карслуе им претходеше сличен проект во Бад Бирнбах, започнат уште пред четири години. Искуствата стекнати таму се користеа за натамошните проекти во светски рамки.

Посебноста на минибусите во Карслуе е постоењето на технологија за 4-то ниво на автономно возење, за транспорт на лица. Минибусите се движат слободно по улицата и можат да избегнуваат пречки и да запираат, не постои виртуелна шина.

Ела, Вера и Ана самостојно го бараат најбрзиот пат до одредиштето. Основа за врвната навигација се дигиталните карти што ги обезбедува покраината Баден-Виртемберг, заедно со автоматските системи од Bosch и ioki.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Концернот Volkswagen со 660.000 вработени во кампања за Денот на Земјата

Peugeot во поддршка на обид со веслање да се обиколи Британија