за

Peugeot во поддршка на обид со веслање да се обиколи Британија

Peugeot обезбедува логистичка поддршка на обидот за Британија првпат да се обиколи по крајбрежјето – со даска за сурфање и весло.

Брендон Принс, авантурист и повеќедецениски наставник за природно образование, со обидот да постави нов рекорд цели да ја побуди свеста за безбедност во вода, за човечкото здравје и за потребата од заштита на британското крајбрежје.

Повеќе авантуристи во минатото се обидувале да ја обиколат Британија, но безуспешно. Брендон се надева дека прв ќе го постави овој светски рекорд, а исто се надева на уште два рекорди: Да биде прв човек и најбрз човек, што веслајќи на даска за сурфање ќе го комплетира кругот од Лендс Енд до Џон О’Гроутс покрај брегот, како и да постави рекорд за најдолго патување со веслање на даска за сурфање. Растојанието од околу 3.800 километри се предвидува да се мине за помалку од 90 денови.

Британскиот авантурист ќе се соочува со сите предизвици, од веслање по плима и по секакво невреме, преку барање одобренија од пристанишните власти, до влегување во зони на воени вежби. Најголемиот проблем секако ќе биде заморот што се јавува по повеќедневно постојано веслање.

Peugeot ќе го придружува потфатот со два фургони: Едниот е Boxer во улога на возило за логистичка подршка, кој ќе пристига на секое одредиште по пат, вториот е Expert, кој ќе биде задолжен за безбедноста. Брендон ќе биде сам во вода, но тим во Peugeot Expert ќе го следи постојано од копно.

Рекордот почнува на 24-ти април, од Тор Аби Сендс во Торбеј. Крајната точка на Шкотска, Џон О’Гроутс, се предвидува да биде достигната за околу 40 денови. Брендон ќе има вкупно шест денови за одмор. Пристигањето на одредиштето може да се случи до еден месец подоцна, доколку се неповолни временските услови.

Peugeot Expert се вбројува меѓу најпродаваните товарни модели на француската марка. Со зафатнина до 6,6 метри кубни и носивост до 1.458 килограми, Peugeot Expert е достапен во куса, стандардна или долга изведба на фургон, со четири различни нивоа на опрема. Моделот исто е достапен како миниван со место за шест патници. Моментно стартува со продажба електричен Peugeot e-Expert, со батерија од 50 kWh или 75 kWh, и досег до 330 километри.

Boxer е најголемиот фургон на Peugeot, понуден во најразлични варијанти, со зафатнина на товарен простор меѓу осум и 17 метри кубни и носивост до 1.870 килограми. Подоцна годинава пристига и електричната изведба e-Boxer.

>>> Патуваме со Peugeot низ Мариово: Тиквеш, рудници, мистерии, глетки за паметење

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трамбуси во Скопје, роботизирани минибуси во Карлсруе

Mercedes eqs i drugi

Mercedes искажува почит кон својот најголем пазар