за

Tesla се увери дека нема играчки со кинеската држава

Tesla предизвика големо негодување во Кина. Производителот на автомобили се извини за случката на салонот во Шангај, кога една дама качена на покрив на Tesla Model 3 се жалеше за проблеми со сопирачките.

Калифорнискиот производител на електрични автомобили Tesla наиде на големи проблеми во Кина, по еден испад на салонот во Шангај. Компанијата потоа се извини, затоа што „не се погрижила за проблемот на клиентката да се реши доволно брзо“. Државните медиуми известуваа за несоодветен однос на производителот на автомобили, кој во својата прва реакција покажал дека не е подготвен за компромиси.

Контроверзите започнаа со протестот на една дама, што во понеделникот се качи на Model 3 на штандот на Tesla на салонот Ауто Шангај и на цел глас се жалеше дека ѝ откажале сопирачките. Обезбедувањето потоа ја одведе Кинеската од штандот. Снимките почнаа да се шират масовно. Досега не се познати проблеми со сопирачките на Tesla, но во реакциите што проследија, клиентите се жалеа на најразлични проблеми со своите возила од марката.

Американскиот производител во почетокот ги отфрли обвинувањата од дамата. Таа веќе била позната по своите јавни протести. Но, потоа се вклучи државната агенција Синхуа, со коментари дека квалитетот на Tesla мора да ги исполнува очекувањата, за купувачите да стекнат доверба во возилата. Се вмеша и моќната правна комисија на комунистичката партија, којашто бара да се почитуваат кинеските потрошувачи и ја обвини Tesla дека не ја отстранила причината за проблемот.

Под такви силни притисоци, компанијата се извини јавно и вети дека во иднина „активно ќе ги сослушува мислењата, предлозите и критиките на клиентите, корисниците на интернет и пријателите во медиумите“. Понатаму, компанијата ветува дека будно ќе бара решенија за проблемите“. Компанијата има фабрика во Шангај и постигнува одлични продажби на кинескиот пазар. Лани Tesla продала во земјата 140.000 примероци од Model 3, што е една осмина од сите продадени електрични автомобили во Кина.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Hongqi S9 е кинескиот хиперавтомобил

Германија сака повеќе велосипедисти по улиците