за

Hongqi S9 е кинескиот хиперавтомобил

Кинескиот производител Hongqi ја прикажа сериската изведба на S9, хиперавтомобил што ќе се произведува во соработка со една италијанска компанија.

Hongqi го прикажа својот S9 во вид на концептен автомобил на салонот во Франкфурт пред две години. Хиперспортскиот автомобил ќе доживее сериско производство. Hongqi S9 користи приклучен хибриден погон и дизајниран е од прочуениот Валтер де Силва. Кинезите ќе го произведуваат хиперавтомобилот во соработка со кинеско-италијанската компанија Silk EV.

Hongqi S9 е „малку“ поразличен вид на автомобил со приклучен хибриден погон, затоа што неговото срце е мотор V8 со зафатнина од четири литри. Во комбинација со електромотор, S9 постигнува моќност од 1.420 КС. Кинезите планираат цела серија ексклузивни модели, на коишто ќе им биде заедничко и тоа што сите ќе носат дизајн од Валтер де Силва.

Стаклата се електрохроматски, што значи дека може да се менува нивната провидност. Каросеријата содржи голем број делови од карбон. Во внатрешноста се вградени три дисплеи, еден е посебно наменет за совозачкото седиште. Hongqi ќе започне со нарачки уште во текот на годинава. S9 ќе се изработи во серија од 99 примероци.

Тука не завршуваат новините од Hongqi. На салонот во Шангај е прикажана мошне впечатлива студија под ознаката L Concept. Со неа се прикажува идниот дизајнерски правец на автомобилите на кинескиот производител. L Concept е убаво скроена лимузина со врати што се отвораат наназад и со необично задно стакло.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Претстои и сериско производство на електричната лимузина од преку пет метри, којашто на салонот се појавува под името E-QM5. Дизајнот е дело на поранешниот дизајнер на Rolls-Royce, Жил Тејлор. Според кинеските медиуми, возилото располага со батерија од 55 kWh и електромотор со моќност од 100 киловати, односно 136 КС. Основата за возилото доаѓа од постоечкиот модел H5.

https://www.instagram.com/p/CN6xxGsFI2V/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Прототипот на Sony користи 5G-мрежа

Tesla се увери дека нема играчки со кинеската држава