Рускиот Kamaz произведе 25.000 камиони Mercedes-Benz

mercedes benz камион татарстан kamaz

Фабриката на Daimler и Kamaz во Небережније Челни во руската република Татарстан одбележа важен јубилеј. Од халите на DK Rus излезе 25-илјадитиот камион Mercedes-Benz.

Славеничкиот примерок е бел Mercedes-Benz Actros 1845 LS, монтиран од готови модули подготвени во CKD-центарот (CKD = Completely Knocked Down) во фабриката на Mercedes-Benz во Верт, Германија. Овие модули понатаму се товарат во контејнери и со бродски транспорт се испраќаат за Русија. На крајот се врши монтажа на модулите во готов камион во фабриката за монтажа на DK RUS.

Заедничката компанија на Daimler и Kamaz започна со монтажа на новата генерација на Mercedes-Benz Actros и Arocs за рускиот пазар во 2018 година. Иновативните технологии, како MirrorCam, со дисплеи и камери во замена за класичните ретровизори, се вградуваат и во руските камиони. Од средината на 2019 година во фабриката се изработуваат и кабини за камионите Arocs и Actros.

Од почетокот на соработката во 2010 година, Daimler Kamaz Rus има продадено над 35.000 камиони од марките Mercedes-Benz и FUSO на рускиот пазар

Од годинава во DK Rus се произведува и верзија на Mercedes-Benz Actros што ја исполнува нормата Euro 6. Иако во земјата и натаму важи Euro V, компаниите што имаат Euro 6 камиони во возниот парк имаат предност при транспорт на територијата на ЕУ. За камионите со послаба норма се плаќаат повисоки давачки при сообраќање низ Унијата.

https://photos.app.goo.gl/C5TGfUwzMBXWmHoN8

CKD е кусо од „Completely Knocked Down“ и значи дека камионите не минуваат низ завршната монтажа во фабриката во Верт. Место тоа, модули што вкупно содржат до 2.800 единечни делови се испраќаат до фабрики за монтажа ширум светот.

Овие т.н. китови се монтираат од страна на локалните партнери според високите стандарди за квалитет на Mercedes-Benz и се испорачуваат на локалните пазари. Откако постои CKD-центарот во Верт, во 60 држави ширум светот се испорачани повеќе од 750.000 китови. Подготовката на модули во Верт започна во 1966 година, со CKD-комплети за монтажа на 500 камиони.

>>> Првиот Mercedes Actros од новата генерација излезе од фабриката во Верт

 

Претходна објаваМузејот на Audi одбележува 20-годишнина
Следна објаваMini Countryman со екстра изглед и во ограничена серија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here