за

Првиот Mercedes Actros од новата генерација излезе од фабриката во Верт

Mercedes Actros prv Worth
Mercedes Actros prv Worth

Сафирно син Mercedes Actros 1851 LS 4×2 е првиот примерок од новата генерација на суперкамионот што излезе од погоните во Верт. Камери место ретровозори, автопилот, дигитални инструменти и мобилни услуги се само дел од компјутерскиот свет што постои во и околу овој камион.

Подготовките за новиот Actros во фабриката во Верт започнаа уште во 2014 година. Уште тогаш беше изведена специјална просторија за виртуелна реалност, во којашто се тестираа најоптимални решенија за организација на производството. Истовремено стартуваа и околу 50 проекти со добавувачите на компоненти за новиот знаменосец во камионскиот огранок на Mercedes.

Mercedes Actros

Производството на новиот Actros се одвива на иста лента со останатите моделски серии на Mercedes Trucks. Неколку работни позиции сепак се однесуваат само на топ-моделот, како што е делот за предмонтажа на мултимедиските дисплеи во кокпитот или просторот за калибрирање на системот од камери MirrorCam кои ги заменуваат обичните ретровизори.

Новиот Actros беше претставен лани на салонот во Хановер. Освен во германскиот Верт, суперкамионот наскоро ќе стартува со производство и во Аксарај, Турција

Actros е најпродавана моделска серија на Mercedes Trucks во „тешката категорија“. Од првата генерација од 1996 година досега, произведени се повеќе од 1,2 милион примероци.

Меѓу главните новитети е Active Drive Assist, односно системот за делумно автопилотирано возење. Кога се исполнети одредени предуслови, Actros може самостојно да управува, да сопира и да забрзува. Друг новитет се спомнатите камери во замена за ретровизорите, кои ја прикажуваат сликата на дисплеи од 15 инчи, што се вградени во предните столбови.

New item by Automedia MK / Google Photos

Класичните инструменти исто така се заменети со дисплеј. Втор дисплеј на допир служи за ракување со апликациите на порталот на Mercedes Truck и со виртуелните прекинувачи, како и за прикажување на навигациските карти.

Во Верт се наоѓа најголемата фабрика за монтажа на камиони на Mercedes. Таа е отворена во 1963 година и моментно ги произведува моделските серии Antos, Arocs, Atego и Actros.

Како Mercedes Actros го учеше Airbus 320 да вози

Mercedes Actros: Камери место ретровизори, дигитални инструменти, вози сам

Петмилионски тест на Mercedes Actros: 10 % помалку гориво од конкурентите

Камионите се подобри олдтајмери

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

renault zoe vulog

Софтвер го претвора Renault Zoe во извор за дополнителна заработка

Aston-Martin-DBS-Superleggera-Majesty

Филмски Aston Martin DBS за тристотини илјади и „007“ фунти