Aston Martin одбележува 50-годишнина од првото појавување на DBS во филмскиот серијал со Џејмс Бонд. Ценетото моделско име дебитираше во шестото филмско продолжение, во „On Her Majesty’s Secret Service“. Специјалната серија врз база на DBS Superleggera го носи името на филмот и ќе се изработи во само 50 примероци.
Маслинесто зелената каросерија и стилот во кабината се изведени верно на филмскиот автомоби од 1969 година. Моторот V12 од 5,2 литри постигнува 715 КС при 6.500 вртежи и 900 њутнметри меѓу 1.800 и 5.000 вртежи во минута.
Натписот „007“ е стратешки поставен на повеќе места на каросеријата и во внатрешноста. Купувачите вообичаено добиваат можност да нарачаат посебна изведба на одредени детали. Првите возила од серијата ќе бидат испорачани во последниот квартал од годинава. Цената изнесува 300.007 британски фунти, односно 341.300 евра.
Електричниот Aston Martin Rapide E го стави Монако „под напон“
Aston Martin Vantage со мануелен менувач и 95 килограми минус
Aston Martin DBS 59 за победата на Леман пред 60 години
Рекорден собир на 410 примероци Aston Martin во Бјули