Kia ја зголеми продажбата во септември за 10 проценти

Kia Soul со најдобра препорака за љубителите на кучиња

Септемвриската продажба на Kia на светскиот пазар пораснала за 10,3 проценти во споредба со истиот месец лани. Корејскиот производител продал 260.023 возила, сите големи пазари се во раст. Најпродаван модел останува Kia Sportage.

Kia очекува одличната продажна динамика да се задржи до завршетокот на годината. Овие очекувања на корејскиот производител се должат на проширувањето на понудата од СУВ-модели. Корпорацијата во септември продала 260.023 возила на светскиот пазар, што е зголемување од 10,3 проценти во споредба со истиот месец лани.

Најпродаван модел и натаму е Sportage со 33.999 примероци испорачани на светскиот пазар во минатиот месец. По бестселерскиот СУВ следи Seltos со 31.144 примероци, третото место ѝ припаѓа на лимузината K5 (Optima) со 25.365 примероци.

Голем раст е забележан на корејскиот пазар, со плус 21,9 проценти и вкупно 51.211 примероци. Тоа се должи најмногу на одличната продажба на семејниот ван Carnival. Позитивен е билансот и од извозните пазари, со раст од 7,7 проценти и вкупно 208.812 возила. Овие резултати се должат најмногу на СУВ-моделите, особено на Seltos и Sportage, како и на лимузината K3 (на некои пазари позната како Forte).

Неодамнешниот почеток на продажбата на компактниот СУВ-модел Sonet на индискиот пазар ќе донесе уште поголема динамика во вкупната продажба на Kia во преостанатиот дел од годината. Новата генерација на големиот СУВ модел Sorento наскоро стартува со продажба и во верзии со бензински мотор, што ќе биде уште еден силен поттик за продажбата.

>>> Четири изведби на Kia Ceed, која е најдобриот избор?

kia ceed 4 modeli xceed proceed sportswagon

Претходна објаваŠkoda Octavia прв избор за Швајцарците, една од пет коли е на струја
Следна објаваVolvo стартува со електричниот XC40, испораки веќе од месецов

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here