Студијата на електричен автомобил Polestar Precept што беше прикажана во почетокот на годинава, ќе доживее сериско производство. Потврдата пристигна официјално од концернот Geely, како и од шведската марка Volvo, од којашто Polestar се издвои како подмарка специјализирана за електричен погон и напредни технологии.
Сериската изведба на Polestar Precept веќе е во напреден стадиум од подготовката. Производството на Precept ќе биде во Кина, каде што се гради нова фабрика. Погонот ќе биде неутрални во однос на климата и воедно ќе поставува врвни светски стандарди во вештачката интелигенција и вмрежувањето.
Според информациите од Polestar, внатрешноста на Precept е изработена од одржливи материјали, вклучувајќи и пластични шишиња, рециклирани рибарски мрежи и пластични затки. Композитен материјал што е развиен од стартап-компанијата Bcomp врз база на коноп, ќе се користи за бројни компоненти во надворешноста и внатрешноста. Цел на Polestar е најголемиот дел од овие одржливи и природни материјали да ги внесе во сериското производство.
„Кина е домашен пазар за Poelstar и цениме дека стремежот за уште повеќе одржливост добива на значење“, изјави шефот на Polestar, Томас Ингенлат. „Со новата фабрика ќе го поставиме реперот уште повисоко, со цел да го произведеме најнапредниот и најквалитетен електричен автомобил во Кина со најнизок биланс на СО2.“
>>> Шведска, Норвешка и Германија први возат електричен Volvo-Polestar

















