Great Wall Motors потпиша договор за купување на фабриката на американскиот концерн General Motors во Рајонг, Тајланд. Кинескиот производител ќе ги користи новите производствени капацитети за да го прошири своето влијание во земјата и во целиот регион на Југоистична Азија. Во фабриката, Great Wall Motors (GWM) ќе произведува возила со мотори со внатрешно согорување, но и електрични возила. Производството се планира да започне уште во првото тромесечје во 2021 година. Со овој чекор, GWM го вклучува Тајланд и регионот во својата визија да прерасне во глобална компанија за технологија на мобилност.
Преговорите на кинескиот концерн што ги произведува марките Haval (СУВ), Wey (премиум), Ora (електрични) и GWM Pickup, за преземање на фабриката во Тајланд од General Motors започнаа во февруари годинава. GWM ги презема од американскиот концерн фабриките на GM Thailand и GM Powertrain Thailand, за монтажа на возила и производство на мотори во Рајонг. Тоа е единаесетта фабрика на GWM во светски рамки, во којашто се врши комплетно производство на автомобили.
Илиот Занг, претседател на огранокот на GWM за Југоисточна Азија, објаснува дека „Талјанд има силни темели како лидер во индустријата и се цени како една од најдобрите локации во светот за изградба на фабрика за автомобили, благодарение на подготвеноста во поглед на работната сила и добро развиениот автомобилски екосистем.“
Тајландската фабрика ќе се реновира и ќе добие системски унапредувања, со цел да стане интелигентна фабрика според глобалните стандарди на GWM. Производственото портфолио ќе се состои од СУВ и пикапи, вклучувајќи и модели со хибриден, приклучен хибриден и електричен погон, покрај моделите со обичен погон. Висок степен на автоматизација ќе овозможи постигнување врвна ефикасност.
Great Wall Motors моментно располага со 10 центри за истражување и развој во 7 земји и поседува синџир од 15 фабрики ширум светот, вклучувајќи го и погонот во Рајонг. Фабриката во Тајланд во почетокот ќе произведува со капацитет од 80.000 возила годишно.
Модел од марката Haval, којашто е дел од концернот Great Wall имавме неодамна на тест:

















