Трговците со нови автомобили гласаа за марките од коишто се најзадоволни да работат со нив во своите продажни салони и сервиси во Велика Британија. Вкупно се гласаше во 13 различни категории, од коишто потоа се изведуваше просечен резултат, со точност до прва децимала.
За учество во анкетата на магазинот Car Dealer беше потребно најмалку 10 дилери на автомобили да го пополнат формуларот. За традиционалниот избор на дилерите на автомобили, годинава пристигаа повеќе поднесоци од кога било досега.
Одговори од илјадници дилери пристигнаа на адресата на британскиот магазин специјализиран за автомобилските дилерства. Оваа масовност дава голема релевантност на оцените и мислењата на трговците со автомобили.
1. Kia (+1) – 94.8%
Корејската марка повторно доби највисоки оцени од дилерите. Лани Mazda се најде на врвот, но со солидни оцени во сите категории, Kia ја поврати позицијата. Резултатот произлегува од најдобите оцени во категориите на маркетинг, имиџ на марката, онлајн понуди, но и за исплатливоста на вложувањата. Посебно се цени и шемата за откуп на користени автомобили, со 95% од максималната оцена и со голема предност пред конкурентските марки.
2. Lexus (-) – 94.1%
Lexus не фигурираше во ланската анкета и сензација е тоа што марката изби високо на врвот годинава. Разликата со Kia е само 0,7 процент. Луксузната марка има посебно високи оцени за гаранцијата, за сервисирањето и за достапноста на производителот, за испораката на нови возила и за планирањето.
3. Volvo (+6) – 89.9%
Со моделска понуда што може да се опише како најпосакувана досега, дилерите пречекуваат многу повеќе клиенти во своите салони. Продажбата расте, профитот расте, а дитрибутерската мрежа е среќна со повратокот на инвестицијата што им го овозможува марката. Добри оцени има и за снабдувањето со возила, маркетингот, сервисирањето, гаранцијата – во сите категории, Volvo е над 90 проценти.
4. Mercedes-Benz (+6) – 89.8%
Голем напредок за шест места за Mercedes Benz. Германската премиум марка пропушти да се најде на подиумот за само 0,1 процент. Одлични оцени за имиџ, планирање и за барањата што ги поставува брендот.
5. Mazda (-5) – 88.1%
Голем пад за јапонската марка. Дилерите се среќни со начинот на којшто производителот ги организира финансирањето и гаранциите, како и со достапноста на менаџерите. Mazda заостанува поради отсуството на бонуси и бизнисот со користени возила.
6. Mini (-) – 83%
Mini отсуствуваше во ланската анкета поради тоа што не пристигнаа доволно одговори од дилерите. Mini е на шестото место, со над 90% во планирањето и со големо задоволство на дилерите од повратокот во инвестицијата и од имиџот на марката.
7. Audi (+14) – 81.3%
Солидно место за германската марка, откако лани заврши на 21-то место. Меѓу причините што доведоа до ланскиот резултат беа послабиот повраток на инвестициите и понудите за дилерите. Но, оттогаш британската мрежа на Audi работеше напорно да постигне висока позиција и тоа очигледно успеа годинава.
7. Seat (+8) – 81.3%
Уште едно впечатливо искачување на марките од групацијата Volkswagen, со идентичен резултат со Audi. Дилерите на шпанската марка во островската земја се посебно среќни со маркетингот на марката, каде што Seat е на второто место. Трговците се среќни и со имиџот.
8. Toyota (-2) – 80.2%
Матичната марка на концернот не го достигна врвното место на Lexus, но затоа е обезбедено нејзиното место во Топ 10. Дилерите на Toyota даваат послаби оцени за шемата за користени возила – што е тотално различно од македонското претставништво на Toyota – потоа за барањата што ги поставува производителот и за бонусите. Во останатите категории, дилерите дале високи оцени, посебно во категоријата на гаранциите.
9. Suzuki (-1) – 74.4%
Suzuki со години постигнува исти резултати во оцените на дилерите. Голема заслуга за високиот резултат има финансирањето, додека дилерите имаат забелешки за снабдувањето со нови возила – што исто така се разликува од ситуацијата во Македонија. Овие забелешки сепак се должат на фактот што планираните контингенти за Jimny брзо се распродаваа.
10. BMW (-6) – 74.2%
Баварската марка е шест места подолу од ланскиот резултат. Оцените од дилерите на BMW не се издвојуваат посебно во ниту една категорија. Додека Suzuki има одличен резултат во само една категорија, што му донесе едно место предност, резултатот кај BMW е ист во сите категории. Единствено повеќе се двои имиџот на марката.
11. Ford (-) – 70.5%
12. Volkswagen (-7) – 70.2%
13. Nissan (+11) – 69.3%
13. Peugeot (+8) – 69.3%
14. Dacia (-) – 69.2%
15. Skoda (+3) – 67.6%
16. Hyundai (-14) – 65.7%
17. Renault (+8) – 63.8%
18. Jeep (-) – 61.2%
19. Honda (-5) – 60.6%
20. Land Rover (-2) – 60.5%
21. Jaguar (-9) 58.1%
22. Fiat (+3) 56.0%
23. Citroen (+6) – 54.3%
24. Vauxhall (-1) – 52.0%
25. Mitsubishi (+2) – 51.1%
26. MG (-9) – 42.6%
















