за

Во СУВ-моделот на Lotus ќе работи техника од Volvo

По три години откако Geely презеде контрола над култната англиска марка на Колин Чепмен, повторно се засилуваат гласините дека Lotus ќе се појави на пазарот со СУВ-модел.

Lotus волан

Со години се зборува за можниот СУВ-модел од англиската култна марка Lotus. Сега повторно се подгрева сцената, откако кинески медиуми објавија дека производството на првиот СУВ на Lotus ќе започне уште годинава во Кина. Моделот ќе ја носи ознаката Lambda и ќе користи техника од Volvo.

Големите спортски марки речиси без исклучок имаат СУВ-модел. Lamborghini го нуди Urus, кај Aston Martin уште е свеж DBX, Ferrari исто така работи на Purosangue. Модел во овој профитабилен сегмент ќе има и Lotus.

На сцената со години се појавуваат гласини за СУВ-моделот на британската марка, некогаш големо име во мотоспортот, но и марка препознатлива од филмското платно, од бондовскиот „Шпионот што ме сакаше“ од 1977 година, со Lotus Esprit S1 во функција и на подморница. Овие гласини сега стануваат уште поубедливи.

Според кинеските медиуми, СУВ-моделот на Lotus ќе започне да се произведува уште во текот на годинава, во фабрика во кинескиот град што се „прослави“ годинава – точно во Вухан. Локалните медиуми го спомнуваат и името Lambda. Покрај тоа што моделот ќе биде прв СУВ на спортската марка, тој ќе биде и прв модел на куќата чиешто име не почнува со „Е“.

Во наводите на тамошните медиуми се спомнуваат должина од околу 4,9 метри, ширина од два метри и висина од 1,6 метар. Тоа се споредливи димензии со BMW X5, Mercedes GLE и Porsche Cayenne.

Lambda ќе биде чиста спротивност на традиционалните модели на Lotus, кои го користат принципот на колку е можно пониска тежина и колку е можно подинамични возни својства. Има интересни наводи околу техниката. СУВ-моделот на Lotus ќе ја користи платформата SPA на шведскиот производител, исто како Volvo XC90, S90, XC60, S60, V60 и Polestar 1. Користењето на платформата од Volvo за модел на Lotus е сосем очекувано. Во 2017 година, кинескиот коцнерн Geely, во чијашто сопственост се Volvo и Polestar, стекна главнина од акциите во Lotus, преземајќи ги од малезискиот сопственик Proton.

Се шпекулира многу и за погонските единици. Во Lotus Lambda ќе работат бензински мотори, но ќе се нуди и приклучен хибрид, па и целосно електричен погон. До 2024 година, Lotus ќе претстави уште два нови модели, кои ќе се произведуаат во Кина. Тие ќе користат само електричен погон, и логично, ќе се водат под моделските имиња Sigma и Alpha.

>>> Lotus одбележува 35 години од првата победа на Аиртон Сена

Lotus одбележува 35 години од првата победа на Аиртон Сена
Lotus одбележува 35 години од првата победа на Аиртон Сена

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дилерите на автомобили во Велика Британија најзадоволни од Kia

Дилерите на автомобили во Велика Британија најзадоволни од Kia

Toyota YouTopia

Toyota меѓу учесниците на донаторскиот настан YouTopia