Lotus одбележува 35 години од првата победа на Аиртон Сена

Lotus одбележува 35 години од првата победа на Аиртон Сена
Lotus одбележува 35 години од првата победа на Аиртон Сена

На 21-ви април пред 35 години, во монсунски услови, решителниот и млад Бразилец ја извозе својата прва победа во Формула 1 и засекогаш го запиша своето име во историјата на мотоспортот.

Трката за големата награда на Португалија во 1985 година се возеше на Есторил, на 21-ви април. Зад воланот на Lotus 97T беше Аиртон Сена, кој штотуку наврши 25 години. Возејќи по самата граница пред излизгување од патеката, тој постигна буквално ремек-дело. Второпласираниот возач доцнеше повеќе од една минута.

Во својата втора трка за Lotus, Сена ја постигна првата од вкупно 41 победи, од кои шест за Lotus. Бразилецот стана глобална спортска икона и национален херој во својата земја. И покрај трагичната смрт на патеката Имола во 1994 година, тој засекогаш ќе се спомнува како еден од најголемите возачи на сите времиња.

Lotus го одбележува историскиот момент со нов подкаст, серија од ретки фотографии од приватна колекција од Сена и неговиот 97T, како и со нов блог за Сена и за неговото возење за тимот на Lotus.

Крис Диниџ: „Неговото ниво на концентрација беше незамисливо – немам сретнато друг човек како Сена.“

На подкастот е ексклузивното интервју со Крис Диниџ, главниот механичар на Сена во 1985 и денешен менаџер на Classic Team Lotus. Тој открива: „Аиртон го немаше тестирано болидот на влажно – тогаш првпат возеше во такви услови. Со Есторил, тој го направи својот пробив на сцената, Сена речиси сите ги престигна за цел круг. Тогаш знаевме дека имаме нешто посебно.“

Врска до подкастот:

https://shoutengine.com/USLOTSessions/ayrton-senna-celebration-with-team-lotus-mechanic–92520

 

Претходна објаваSkoda без прекин испорачува резервни делови за цел свет
Следна објаваЗошто електричните модели на Audi полнат побрзо?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here