за

Skoda без прекин испорачува резервни делови за цел свет

Skoda без прекин испорачува резервни делови за цел свет
Skoda без прекин испорачува резервни делови за цел свет

Центарот за резервни делови на Skoda во Млада Болеслав работи во три смени, со посебни мерки за хигиена и заштита. Оваа логистичка единица има стратешка задача да ја снабди сервисната мрежа на Skoda во близу 100 држави ширум светот со резервни делови. Додека повеќето фабрики за автомобили уште мируваат, за овој центар нема пауза, возилата на марката низ целиот свет мора да се одржуваат во беспрекорна состојба.

Со вкупна површина од 180.000 метри квадратни, Центарот за резервни делови на Skoda е најголем магацин за делови во Чешка. Тој има важна улога и во рамките на целиот концерн Volkswagen, како еден од трите главни депоа за снабдување со резервни делови на територијата на Европа.

Во Чешка се отворени 99 проценти од вкупно 227-те сервисни работилници на Skoda, додека во соседната Словачка тоа е случај со 87 проценти од вкупно 74 работилници. Доколку се земат 20-те најважни пазари на Skoda, моментно работат 77 проценти од овластените сервисни работилници на марката.

Во најголемата криза од пандемијата, центарот уште работеше во две смени, со цел да се обезбеди непречена функционалност на милионите возила на Skoda ширум светот. Во одредени периоди беа ангажирани само 150 од вкупно 600 работници во центарот. Максимално се внимава на заштитата на вработените. Пред персоналот да се упати кон работното место, по случаен избор се проверува телесната температура.

Секој ден од центарот заминуваат по околу 90 камиони. Пред кризата од корона, нивниот број достигнуваше 190 камиони дневно. Во просек, секој ден од центарот се испорачуваат по 28.000 пратки со оригинални делови и прибор во близу сто држави ширум светот.

Шефот на Skoda: „Ќе има време и по вирусот корона“

Бернхард Мајер - Шефот на Skoda „Ќе има време и по вирусот корона“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ZF произведе 20 милиони сопирачки клешти во Кина

ZF произведе 20 милиони сопирачки клешти во Кина

Lotus одбележува 35 години од првата победа на Аиртон Сена

Lotus одбележува 35 години од првата победа на Аиртон Сена