за

Зошто електричните модели на Audi полнат побрзо?

Зошто електричните модели на Audi полнат побрзо
Зошто електричните модели на Audi полнат побрзо

Моделите на Audi со електричен погон, e-tron и неговата купе-изведба e-tron Sportback, во поглед на досегот се приближуваат до автомобилите со обичен погон. Тоа што навистина прави овие автомобили да се издвојуваат од конкуренцијата е брзината на полнењето на батеријата.

Во основа, заслугата за тоа се должи на фактот што моќност на полнење до 150 kW се постигнува во поголемиот дел од времетраењето на полнењето. Тоа, пак, произлегува од добриот термо-менаџмент на батеријата. Затоа, кога се споредуваат два модели со електричен погон, не треба да се гледа само досегот со едно полнење, туку и времетраењето на полнењето.

Доколку батеријата на автомобилот се полни со максималната моќност само во мал дел од времето на полнење, за потоа да се намали моќноста, логично е дека со тоа се смалува и брзината на полнење. Можно е производителите на електрични автомбили наскоро да почнат да го објавуваат и дијаграмот на полнење, кој точно покажува со колкава моќност во одреден момент се врши полнење на батеријата – слично како што порано беше вообичаено да се објавува и дијаграмот на вртежен момент кај моторите со внатрешно согорување. Овој дијаграм, меѓу другото покажува колку енергија ќе се наполни во батеријата по десетина минути полнење.

Дијаграм на полнење на батеријата на Audi e-tron 55, во споредба со конкуренцијата (сина боја)
New item by Automedia MK / Google Photos

Audi, секако, го објавува дијаграмот на полнење, затоа што има и што да покаже, односно цени дека е во предност во споредба со конкуренцијата. На дијаграмот за Audi e-tron 55 се гледа предноста. Дијаграмот на брз полнач со 150 kW прикажува дека полнењето се одвива со висока моќност во поголемиот дел од времето. Во идеални услови, полнењето се одвива со максималната моќност од 5 до 70-процентна наполнетост на батеријата. Потоа, интелигенцијата на батеријата ја смалува силината на струјата. Кај конкурентите, тоа се случува далеку пред прагот од 70 проценти.

Предноста од тоа се покажува во секојдневието. За во батеријата да се наполни енергија за 110 километри досег, доволни се околу 10 минути на полнач. Наполнетост од 80% се постигнува за околу половина час. Иако од технички причини е потребно многу подолго време додека се начполнат и преостанатите 20 проценти, кај Audi на брз полнач, тоа се случува за 45 минути. Според Audi, тоа моментно е врв.

Вкупно 22 литри течност циркулираат во 40 метри канали за ладење на батеријата
New item by Automedia MK / Google Photos

Батеријата на Audi e-tron 55 поседува бруто-капацитет од 95 kWh (нето 86,5 kWh) и конструирана е да трае долго. За тоа се грижи систем за водено ладење, кој температурата ја одржува меѓу 25 и 35 степени, било да се вози под полно оптоварување или во зима. Во 40-те метри канали течат вкупно 22 литри течност за ладење.

Самата конструкција на куќиштето на батеријата е инженерски предизвик, затоа што мора да издржува и оптоварување во случај на судир. Тоа е веќе посебна тема.

Електричните модели на Audi

  • Audi e-tron 50 quattro
  • Audi e-tron 55 quattro
  • Audi e-tron Sportback 50 quattro
  • Audi e-tron Sportback 55 quattro

 

Приклучок за обичен полнач (наизменична струја) и под него приклучок за брзо полнење (еднонасочна струја)
New item by Automedia MK / Google Photos
Дијаграм на силината на полнење во соодност со процентот на наполнетост
New item by Automedia MK / Google Photos

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lotus одбележува 35 години од првата победа на Аиртон Сена

Lotus одбележува 35 години од првата победа на Аиртон Сена

Kia e-Niro Сеул дава по 13.500 евра за такси-компаниите да купат електромобил

Сеул дава по 13.500 евра за такси-компаниите да купат електромобил