за

Сеул дава по 13.500 евра за такси-компаниите да купат електромобил

Kia e-Niro Сеул дава по 13.500 евра за такси-компаниите да купат електромобил
Kia e-Niro Сеул дава по 13.500 евра за такси-компаниите да купат електромобил

Главниот град на Јужна Кореја ќе субвенционира 700 такси возила со електричен погон. Олеснувањето за компаниите да купат електрични возила изнесува 18,2 милиони вони, односно околу 13.500 евра по автомобил.

Сеул отсега им овозможува на такси компаниите да добијат субвенција и за автомобилите од странските производители. Олеснувањето за компаниите е значително повисоко отколку при купување приватно возило, односно изнесува 18,2 милиони вони (околу 13.500 евра), наспроти 12,7 милиони вони по возило (околу 8.000 евра). Претходно се одобруваше субвенција само за возилата од домашна продукција, конкретно за Kia e-Niro и Kia e-Soul, како и за моделите со идентична техника од Hyundai.

Такси-превозниците во Сеул ќе можат да бираат меѓу 19 различни модели од седум производители. Меѓу моделите за коишто важи субвенција се вклучени и Tesla Model S, Tesla Model 3, Jaguar I-PACE и Nissan Leaf.

Сеул цени дека минувањето на просечната дневна тура на такси-возилата од 440 километри ќе придонесе значително за подобрување на квалитетот на воздухот во градот

Корејската престолнина дава добар пример за градовите во светот. Токму во актуелниве кризни времиња, јавноста станува свесна повеќе од кога било досега, дека цената на нафтата се одредува „по желба“ на нафтените мегакомпании, со голема вмешаност на политиката и во корист на интересите на политиката.

Поради драстично смалената побарувачка за нафта, државите извознички на нафта ја ограничија експлоатацијата и вештачки ја зголемија цената. Масивниот и рапиден пробив на електромобилноста исто така придонесува за менување на „владејачката“ глобална матрица и постепено ослободување на зависноста од нафтата.

Kia со рекордна продажба на хибридни и електрични автомобилиKia Niro EV

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Зошто електричните модели на Audi полнат побрзо

Зошто електричните модели на Audi полнат побрзо?

Климатолозите бараат поголема поддршка за „зеленото“ стопанство

Климатолозите бараат поголема поддршка за „зеленото“ стопанство