за

Kia со рекордна продажба на хибридни и електрични автомобили

Kia со рекордна продажба на хибридни и електрични автомобили
Kia со рекордна продажба на хибридни и електрични автомобили

Уделот на Kia на европскиот пазар во првото тромесечје се зголемил за 3,7 проценти. Одлично напредувала и продажбата на електрични автомобили, со раст од 20,8 проценти. Вклучувајќи го хибридниот погон, на моделите со електромотор во погонската спрега моментно отпаѓа една петина од вкупната продажба на Kia.

Kia забележа рекордна продажба на хибридни и електрични возила во првото тромесечје на европскиот пазар. Марката постигна и историски рекордно учество на европскиот пазар, во услови кога продажбата на автомобили опаѓа поради корона-кризата.

Од јануари до март, Kia продала 113.026 возила во Европа, што е намалување за 14,5% во споредба со истиот период лани, кога беше постигната рекордна продажба. Европските купувачи сепак ѝ останале верни на корејската марка повеќе отколку што е случај кај останатите марки. Тоа го покажува податокот дека целиот европски пазар забележал намалување за 26,3 проценти. Како резултат од тоа, пазарниот удел на Kia пораснал од 3,2% лани на 3,7 проценти во првиот квартал годинава.

Во отежната општа ситуација, возилата со електромотор во погонската спрега, односно хибриди, плагин-хибриди и електрични возила, постигнале зголемување во продажбата за 20,8%, на 21.340 примероци. Овие модели сега учествуваат со речиси една петина во вкупната продажба на Kia, односно со 18,9 проценти. Во истиот период лани, уделот изнесувал 13,4 проценти.

Секој модел со електрифицирана погонска спрега што го продаваме во Европа имаше пораст кварталов. Пристигањето на новите модели со плагин-хибриден погон, подоброто снабдување со електрични модели и проширеното моделско семејство на Ceed ја зголемија нашата продажба и пазарниот удел.

Емилио Херера, оперативен директор на Киа Моторс Европа

Електричните модели, e-Niro и e-Soul, сочинуваа 32 проценти од продажбата на модели со електрифицирана погонска спрега, наспроти 22% во првиот квартал лани. Моделите со плагин-хибриден погон, заедно со новите варијанти на XCeed и Ceed Spotswagon, исто така добија на популарност и сега учествуваат со 30 проценти во продажбата на Kia во овој погонски сегмент.

Kia Soul EV неодамна го освои и насловот на Најдобар градски автомобил во светот, додека Kia Telluride, достапна во Северна Америка и на Средниот Исток, ја понесе главната титула на Светски автомобил на годината.

Најпродаваната моделска серија – Ceed, Ceed Sportswagon, ProCeed и XCeed – порасна за 18,8 проценти, на вкупно 29.664 продадени возила. Втора најпродавана серија секако е Sportage (23.011 примероци), а по него Niro (16.010), Stonic (15.115) и Picanto (13,639).

Македонскиот увозник неодамна го привлече вниманието на сцената со изведувањето на виртуелна посета на салонот во Скопје, со примена на технологија и компетентност што засега се единствени во браншата.

Kia го пушти салонот во Скопје во виртуелна реалност

Kia го стави салонот во Скопје во виртуелна реалност
Kia го стави салонот во Скопје во виртуелна реалност

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen враќа во погон фабрики во 10 држави ширум светот

Volkswagen враќа во погон фабрики во 10 држави ширум светот

Третиот модел на Polestar ќе конкурира на Tesla Model X