Што прават креативците во автомобилските марки деновиве? Неколку одговори веќе пристигнаа и посведочија дека во овие реално кризни времиња се изнаоѓаат најразлични решенија да се пристапи на нов начин до корисниците. Вистинско изненадување од Киа Моторс Македонија: Безбедно, забавно, информацивно и иновативно, салонот на Kia во виртуелна реалност, и тоа изработено импресивно и најкомпетентно.
Во криза се поттикнува креативноста, иновирањето. Се наоѓаат нови начини да се решат вообичаените проблеми, за чиешто решавање се потребни невообичаени начини. Киа Моторс Македонија денес на своите профили на социјалните мрежи објави дека нуди виртуелна прошетка во салонот. Многубројни „виртуелни прошетки“ и „интерактивни водичи“ се нуделе досега, кои не биле ништо повеќе отколку банално и мачно претставување на информациите, за кои на крајот излегува дека е подобро да биле дознаени на класичниот начин.
Вистинско изненадување и големо освежување во ова подрачје е оваа „реално“ виртуелна прошетка во салонот на Киа Моторс Македонија. Уште при самиот старт се појавуваат слики од салонот нма Kia во Скопје и тоа е веќе доволно да убеди дека станува збор за нешто различно.
Целата гама во салонот на Kia може да се искуси виртуелно, од Rio и Stonic, преку тројката Ceed-XCeed-ProCeed, до Sportage. За секој модел во салонот се нудат десетина различни погледи и неколку прикази во 360 степени. Секој поглед крие повеќе детали околу опремата што е прикажана. Уште поимпресивно е можноста за виртуелно да се седне во возилото.
Без двоумење, уште еден масивен и револуционерен проект на Киа Моторс Македонија.
Пристапување до почетната страна преку http://www.kiamotors.com.mk/360saloon.php
















