Toyota RAV4 надмина 10 милиони продадени примероци

toyota rav4
toyota rav4

Toyota RAV4 има уште едно големо достигнување. Од компактниот СУВ што го основаше овој сегмент, досега се продадоа повеќе од десет милиони примероци ширум светот.

Кога Toyota RAV4 се појави на пазарот во 1994 година, компактните СУВ-модели дотогаш беа непознати. Со комбинацијата од лесна возливост и добра теренска проодност, RAV4 уште од старт постигна голем успех на пазарот. RAV е скратено од Recreational Active Vehicle with 4-wheel drive, односно рекреативно активно возило со погон на 4 тркала.

Toyota првично планираше од моделот да продава по 4.500 примероци месечно, но се покажа дека побарувачката е двојно поголема, откако уште во првиот месец пристигнаа повеќе од 8.000 нарачки. За две години, продажбата од 53.000 возила во 1994 година, порасна трикратно. Растечкиот тренд трае до денес. СУВ возилата бележат најголем раст од сите сегменти.

По 26 години и пет моделски генерации, годишната продажба надминува еден милион примероци. Тоа направи Toyota RAV4 да биде најпродаван СУВ во светски рамки во 2018 и 2019 година. Лани, компактниот СУВ беше четврти најпродаван патнички автомобил воопшто.

Најголем пазар се САД со 535.000 примероци, следи Европа со 133.000 примероци. Од стартот во 1994 година, на европскиот пазар се продадени повеќе од два милиони примероци. Лани беше рекордна година за RAV4 со 130.000 примероци.

Претходна објаваKia го пушти салонот во Скопје во виртуелна реалност
Следна објаваТанер Фауст стана амбасадор на Volkswagen R

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here