за

Танер Фауст стана амбасадор на Volkswagen R

Танер Фауст стана амбасадор на Volkswagen R
Танер Фауст стана амбасадор на Volkswagen R

Кој е Џејсон Борн? Тоа е прашањето што се провлекува во познатиот и истоимен филски серијал. Точно е дека улогата на Борн му припаѓа на Мет Дејмон, но кога треба да се снимаат спектакуларни сцени во автомобил, тогаш стапува на дело Танер Фауст. Тој е новиот светски амбасадор на Volkswagen R.

Танер Фауст е американски тркач, каскадер и водител. Тој четирипати бил шампион во реликрос, последниот пат со Volkswagen Beetle R во 2019 година. Возачот на Volkswagen има освоено и два шампионати во „Formula Drift“ и четири златни медали на X-Games.

Овој 46-годишник е активно вклучен во процесите на дотерување и финално одобрување на новите модели на Volkswagen R. Во почетокот на февруари, повторно се докажа на дело дуото Фауст и Beetle R на GP Ice Race во австриското место Цел ам Зе. Со овој автомобил со 560 КС, Фауст во 2019 година победи во американскиот реликрос (ARX).

Новите работни места на Фауст се зад воланот на eR1 и на Altas Cross Sport, кој е подготвен за „Baja 1000“. Во првиот случај станува збор за тркачки прототип со електричен погон и каросерија од Golf.

Американскиот каскадер и мултиталент има учествувано и во Iron Man 2, Need 4 Speed, како и во популарната серија Fast & Furious. За неговата работа во „Tokyo Drift“, тој доби номинација за Taurus World Stunt Awards. Во периодот од 2010 до 2016 година, Танер учествуваше и во американската верзија на „Top Gear“.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

toyota rav4

Toyota RAV4 надмина 10 милиони продадени примероци

Subaru со највисоки одликувања за безбедноста во „2020 Driver Power“

Subaru со највисоки одликувања за безбедноста во „2020 Driver Power“