По заводливото купе со плагин-хибриден погон и електричната лимузина во средната класа, специјализираниот огранок за погон на струја на Volvo го најавува и третиот модел. Нормално, тоа ќе биде голем СУВ на Polestar, позициониран покрај Tesla Model X и Audi e-tron.
Големи и престижни СУВ модели со погон на струја се посебно барани на пазарот, па третиот модел на Polestar, подмарката на Volvo што е специјализирана за овој вид на погон, пристига токму во тој сегмент. Конкурентите имаат големи имиња, меѓу нив Tesla Model X, Audi e-tron и Jaguar I-Pace.
Верно на досегашната практика, новиот модел ќе се води како Polestar 3 и ќе стартува со продажба во 2022 година. Електричниот СУВ меѓу првите ќе ја користи новата платформа SPA2, наменета за моделите од повисоките класи на Volvo и Polestar.
Изгледот на Polestar 3 ќе се раководи според концептниот автомобил Polestar Precept. Шведската марка ќе следи посебен стил и во внатрешноста. Третиот модел на Polestar ќе пристигне приближно во исто време со електричната изведба во гамата на идната генерација на XC90. Двата модели ќе користат заедничка платформа и батериска технологија, но ќе се разликуваат во стилот и во спецификацијата.
Додека матичниот XC90 ќе биде повеќе ориентиран на комфор, електро-марката Polestar ќе оди повеќе на спортска динамика и на перформанси.
https://www.instagram.com/p/B_CX_h7lJQT/
https://www.instagram.com/p/B-HfM55FHjP/
















