Volkswagen враќа во погон фабрики во 10 држави ширум светот

Volkswagen враќа во погон фабрики во 10 држави ширум светот
Volkswagen враќа во погон фабрики во 10 држави ширум светот

Почнувајќи од следната недела, марката Volkswagen повторно ќе произведува во домашната фабрика во Цвикау и во Братислава, Словачка. Една недела подоцна следи старт на останатите германски фабрики, заедно со погоните во Португалија, Шпанија, Русија, Јужна Африка, Северна и Јужна Америка.

Volkswagen постепено во враќа производството во своите фабрики. Во следната недела, почнувајќи од 20-ти април, прво отвораат фабриките во Цвикау и во Братислава (Словачка). Во неделата од 27-ми април, продолжуваат останатите германски фабрики, како и фабриките во Португалија, Шпанија, Русија и САД. Во мај е предвидено постепено вклучување во погон на Јужна Африка, Аргентина, Бразил и Мексико.

Планирањето за повторниот старт се одвиваше три недели наназад. Освен воведување заштитни мерки за вработените, предизвик беше да се „состави“ и синџирот од добавувачи. Во фабриките во Германија и натаму ќе важи скусено работно време, со план постепено да се преоѓа на полно работно време.

Заштитата на вработените опфаќа 100 стандардни позиции на коишто се воведени посебни мерки

Бернд Остерло, претседател на работничкиот совет: „Досега не сме доживале ваква ситуација. Но, убеден сум дека мотивацијата кај колешките и колегите е огромна, за повторно да се работи.“

volkswagen fabrika cvikau id3
Фабриката на Volkswagen во Цвикау, Германија

Како што објавивме претходно, во фабриките во Брауншвајг и во Касел се работи повторно од 6-ри април, а од 14-ти април им се придружија и Залцгитер, Хемниц и Хановер, заедно со полските фабрики. Овој чекор имаше за цел да се обезбеди испорака на компоненти за фабриките на Volkswagen во Кина.

За повторниот старт користеа и искуствата од фабриките во Кина, кадешто веќе одамна се преземени соодветни заштитни мерки. Во земјата веќе се активни 32 од вкупно 33 фабрики во локалниот производствен синџир на Volkswagen.

Порше Македонија ги презема возилата за сервис од дома

Порше Македонија со 1.000 бонус за онлајн-купување

Претходна објаваНајевтината Tesla Model 3 е „малку“ уништена, но уште вози
Следна објаваKia со рекордна продажба на хибридни и електрични автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here