Првиот впечаток за овој примерок од Tesla Model 3 мами. Тоа што изгледа како тоталка, вози без проблем. Најголемите проблеми доаѓаат од самиот производител.
Автомобилската сцена деновиве не го пропушта овој примерок од Tesla Model 3. Сопственикот кажува дека електричниот конкурент на C-Class се превртувал повеќепати, но и дека автомобилот уште вози. Доказот за последново е мошне јасен на видеото што е објавено на јутјуб. Погонската техника работи беспрекорно и сопственикот го докажува тоа пуштајќи го електромобилот во тркачки модус. Спринтот со вртоглаво забрзување трае кусо, затоа што патот не дозволува повеќе.
Електричната лимузина од средната класа, којашто е апсолутен хит (или беше пред корона-кризата) има поминато одвај 11.000 километри и произведена е пред две години. Предната оска е сменета комплетно, заедно со нови пружини. Полнењето на батеријата исто така може да се врши без проблем, со неколку зафати екстра. Тоа што куќишетто на батеријата е малку втиснато, според продавачот не го попречува функционирањето.
Врска до огласот: https://www.ebay.com/itm/2018-Tesla-Model-3-Performance/114179965757
Цената (на 16-ти април, 21:47h, понудите важат уште околу 3:30h) изнесува 15.099 долари или околу 13.925 евра. На огласот се наведува дека само деловите од возилото вредат заедно 20.000 долари. Најголемиот проблем е самиот производител, значи Tesla. Специјалистот од Калифорнија е познат по тоа што не сака кога се поправаат автомобилите кои се многу оштетени. Производителот нема да испорачува резервни делови и нема гаранција дека за сите функции на возилото ќе се добива ажуриран софтвер. Има и друг проблем. Tesla, на автомобилите што се пријавени како тотална штета, им го блокира пристапот до своите суперполначи.
















