Колекционерите на тркачки возила можат да се усреќат во овие времиња. На германски онлајн-огласник се продава болидот со којшто Михаел Шумахер го освои германското првенство во Формула 3 во 1990 година.
Светот и натаму го помни Михаел Шумахер како најуспешен возач во формула 1 на сите времиња. Сите болиди и автомобили со коишто се натпреваруваше 50-годишникот се особено ценети на колекционерската берза.
На порталот motorsportmarkt.de се појави оглас во којшто се нуди Reynard-Opel 903-001. Во основа, не станува збор за спектакуларно возило. Тоа е тркачки болид во формула 3 од сезоната 1990, во којшто работи дволитарски мотор од Opel со моќност од 185 КС. Но, приказната се менува од корен покрај забелешката во огласот, којашто се однесува на Михаел Шумахер.
Тоа е автомобилот со којшто седумкратниот шампион во Ф1 го освои германското првенство во Формула 3. Шуми го возеше црвено-белиот болид за тимот WTS Racing, во сопственост на Вили Вебер, кој подоцна станува и негов менаџер.
Фирмата-огласувач не наведува информации околу цената на возилото. Единствено што уште се наведува е дека болидот е во возна состојба.
Мик Шумахер отвори онлајн-продавница