ЕУ вложува нови 54 милиони евра во електромобилноста

Унијата досега има вложено повеќе од 2,2 милијарди евра во транспортната пресвртница што е во тек. Продолжува поттикнувањето на електромобилноста и на сообраќајните системи што се добри за животната средина. Како што денес најави Европската Комисија, во нови проекти ќе бидат вложени 54 милиони евра.

Европската Унија продолжува да вложува во сообраќајна инфраструктура со нулта емисија на СО2. Со новите 54 милиони евра ќе се градат нови станици со полначи за електрични автомобили во Италија, ќе се купуваат зелени градски автобуси во Париз и Барцелона и ќе се модифицираат локомотивите во германската покраина Баден Виртемберг. Проектите треба да придонесат за постигнување на целите на „Green Deal“, односно намалување на емисијата на СО2 во ЕУ за најмалку 55 проценти под нивото од 1990 година.

Сообраќајот има важна улога во постигнувањето на целите. Во развојниот фонд на ЕУ можат да учествуваат приватни инвеститори. Според податоците од Комисијата, обезбедени се над 2,2 милијарди евра за поддршка на „зелената“ сообраќајна пресвртница. Во почетокот на јули, Брисел предложи стратегија за интегриран енергетски систем. Со неа се предвидува до 2025 година да бидат оперативни два милиони станици за полнење за електрични автомобили.

Расте продажбата на електрични автомобили

Недоволно развиената мрежа од полначи, покрај ограничениот досег и релативно високата цена, претставува една од главните пречки за поголем пробив на електромобилноста. Подостапни модели со електричен погон и зајакнато инвестирање во мрежата од полначи ќе помогнат за надминување на проблемот. Продажбата на електрични автомобили бележи голем раст, меѓу другото и поради воведените субвенции за електрични автомобили во корона-кризата.

>>> Електрично Mini пишува автомобилска историја во Македонија (1. дел)

 

Претходна објаваКанадски Walmart тројно ја зголеми нарачката за камионот на Tesla
Следна објаваЗапочна производството на првенчето Cupra Formentor

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here