за

Започна производството на првенчето Cupra Formentor

Денес од производствените ленти во Марторел излезе првиот примерок од првиот самостоен модел на марката Cupra.

Започна производството на првенчето Cupra Formentor

Cupra Formentor ќе биде достапен со седум мотори, вклучувајќи и плагин хибриди. Се очекува новиот модел да учествува со повеќе од 10% во годишната продукција во Марторел.

Cupra започна со производство на новиот Formentor. Првиот модел што самостојно е развиен од марката Cupra ќе се појави во салоните во следната недела, во верзија со 310 КС. Понудата од погонски единици ќе вклучува вкупно седум варијанти, вклучувајќи и плагин-хибрид, кој ќе се придружи в година.

Formentor е шести модел што се произведува во Марторел. Шпанската марка што произезе од Seat очекува новиот модел да учествува со една десетина во вкупната годишна продукција во фабриката во близина на Барцелона.

Во проиводството на првиот ексклузивен модел на Cupra учествуваат 3.000 работници на втората линија во фабриката, поделени во три смени. Продукцијата моментно ќе се одвива со 160 примероци дневно.

Намера ни е да ја надминеме првичната цел за удвојување на продажбата на Cupra со лансирањето на овој автомобил и да освоиме нови светски пазари, благодарение на широката понуда од седум мотори. Убеден сум дека овој модел ќе ја промени иднината на марката Cupra

Вејн Грифитс, генерален директор на Cupra

Една од целите е да се освојат нови европски пазари, особено Норвешка, како земја со особено висок удел на електрични возила. Cupra ќе се продава и во Латинска Америка, како и во Турција и Израел.

Првиот модел што е хомологиран под марката Cupra им се придружува на Cupra Ateca и Cupra Leon. Во последното тромесечје се очекуваат нови моделски варијанти во гамата на овие два модели. Со тоа започнува моделската офанзива, откако марката продаде 55.000 возила од основањето во 2018 година.

Пред крајот на годината во гамата на Cupra ќе пристигне Leon со приклучен хибриден погон, рано в година следи Formentor со истиот погон, а тогаш се очекува и Cupra el-Born, како прв целосно електричен модел на марката.

>>> Голманот на Барса е нов амбасадор на Cupra

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ЕУ вложува нови 54 милиони евра во електромобилноста

Франција завршува со субвенции, наплаќа за премногу СО2

Франција привршува со субвенции, наплаќа за премногу СО2