Моделот Arkana што се произведува во корејскиот Бусан, со должината од 4,57 метри е позициониран меѓу Renault Kadjar и Koleos, но е десет сантиметри понизок. По желба, каросеријата може да биде лакирана и во две бои. Вкупно стои на располагање избор од седум бои.
Во зависност од нивото на опрема, во кокпитот што е завртен кон возачот се вградува или обичен дисплеј од 7 инчи или исправен дисплеј од 9,3 инчи. Дигиталните инструменти исто така се врадуваат со пречник од 4,2 или 10 инчи во поскапите изведби. Во средишната конзола се наоѓа безжичен полнач за телефон. Место обична рачна сопирачка, Arkana поседува електронска паркирна сопирачка.
Просторот за колена на задната клупа е најдолг во сегментот, додека багажникот стандардно располага со зафатнина од 513 литри. Во варијантата со хибриден погон E-Tech, багажникот се скусува на 438 литри. Со соборување на задната клупа се добива целосно рамен под.
https://photos.app.goo.gl/kMXRvdHTR9YsqzzT6
Во понудата ќе биде вклучена и верзија RS-Line со каросерија лакирана во ексклузивна валенција-портокалова боја, со црвени лајсни на браниците и на страничните заштитни панели, како и со темна заштита на подвозјето назад. Овој стилски настап се запкружува со хромирана двојна издувна цевка. Внатре има голем дел површини со финиш со изглед на карбон, како и со црвени украсни лајсни. Седиштата во оваа верзија се обложени со материјали што изгледаат како комбинација од кожа и алкантара.
Во почетокот, Renault Arkana ќе биде достапна само со TCe 140 EDC со благ хибриден погон. Подоцна ќе се придружи варијанта со хибриден погон E-Tech 140, за во втората половина на 2021 година да пристигне и TCe 160 EDC со благ хибриден погон.
https://photos.app.goo.gl/Q1KVEjgFeYtj9kEQ6
Хибридниот погон во E-Tech го сочинуваат 1,6-литарски бензинец и два електромотори. Кај верзиите со благ хибриден погон се вградува стартер-генератор и 12-волтна литиум-јон батерија, како поддршка на бензинецот од 1,3 литар.
















