Tesla ќе произведува евтин електричен автомобил

Илон Маск tesla ден на батеријата

Шефот Илон Маск излезе со големата најава на „Денот на батеријата“ во калифорнискиот Фремонт, каде што се наоѓа седиштето на електро-пионерот. Но, постои „мал“ проблем.

Илон Маск ќе понуди електричен модел на Tesla по исклучително достапна цена, а згора на тоа моделот ќе може да вози целосно автономно. Услов за електричниот автомобил што ќе чини 25.000 долари, односно околу 21.000 евра, сепак е цената на батериите драстично да се намали во следните години. Шефот на Tesla предвидува дека тоа би можело да се случи за околу три години.

Достапниот модел ќе донесе голема пресвртница не само за Tesla, туку и глобално на автомобилскиот пазар. За споредба, Model 3 моментно во САД стартува од 39.990 долари, односно 34.200 евра.

Инвеститорите очекуваа многу од настанот, на којшто се шпекулираше дека Tesla ќе претстави револуционерна технологија за изработка на батерии. Но, очекувањата не се исполнија. Како резултат од тоа, вредноста на акциите по „Денот на батеријата“ падна за 7 проценти. пред тоа следеше уште еден пад на вредноста, за 5,6 проценти, откако Маск на твитер кусо пред настанот „го спушти балонот“ и порача аналитичарите и сцената да не очекуваат многу.

Со берзанска вредност од 395 милијарди долари, концернот на Илон Маск и натаму е убедливо најмногу вреден производител на автомобили

Шефот на Tesla најави дека очекува годинава да ја заврши со продажба зголемена за 30 до 40 проценти, и покрај тешката ситуација поради пандемијата. Голема е извесноста калифорнискиот производител годинава да надмине половина милион возила, што би било 36% повеќе од лани.

>>> Tesla пред нов рекорд, Илон Маск со апел до вработените

Претходна објаваVolkswagen ID.4 е електричен автомобил за цел свет
Следна објаваRenault Arkana в година стартува со продажба во Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here