за

Tesla пред нов рекорд, Илон Маск со апел до вработените

Шефот на Tesla, Илон Маск, очекува нов рекорден квартал во бројот на испорачани возила. Во внатрешен допис до вработените, тој бара од нив да дадат сé од себе.

Tesla е најголем производител на електрични автомобили

Tesla се наоѓа пред ново рекордно тромесечје во испораките на возила. Во внатрешен допис од шефот Илон Маск, тој бара вработените да вложат крајни напори со цел компанијата во тековниот квартал да ја надмине рекордната испорака од последното тромесечје во 2019 година.

Во периодот од октомври до декември лани, Tesla испорача 119.000 електрични автомобили на своите клиенти. Во вториот квартал годинава, испораките достигнаа 90.000 возила во светски рамки. Аналитичарите предвидуваат дека во периодот од јули до септември ќе се постигне испорака од 121.000 автомобили.

Уште е неизвесно дали калифорнискиот специјалист за електрични возила ќе забележи нов рекорд. Шефот Маск апелираше до вработените: „Имаме шанса да поставиме нов рекорден квартал во испораките, но сите мораме да работиме напорно, за тоа да го постигнеме. Мораме да го достигнеме досега највисокиот број на нови возила дневно.“

Продажната мрежа на Tesla е организирана различно од големите автомобилски концерни. Производителот на електричните автомобили е сопственик на својата продажна мрежа. Тоа значи, дека возилото се брои дека е испорачано, дури кога истото реално ќе се најде кај сопственикот – и кога ќе „легнат“ парите на сметката на компанијата. Тоа е една од причините, зошто највисоката можна испорака на возила е од „апсолутен приоритет“ за Маск.

>>> Tesla Model 3 од Кина ќе се продава на европскиот пазар

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ford-f-150 електричен тизер

Ford ќе произведува електрична изведба од пикапот F-150

На Toyota ѝ успеа хет-трик на 24 часа Леман

На Toyota ѝ успеа хет-трик на 24 часа Леман