Возачите на Škoda отсега имаат пристап до информации во реално време за милиони места за паркирање ширум Европа. Податоците се прикажуваат или на системот за навигација, доколку има вградено таков уред во возилото, или на апликацијата Škoda Connect. Локаторот е меѓу бројните можности на мобилните услуги што се дел од Škoda Connect.
Барањето слободен паркинг или најблиска катна гаража во непознат град може да се претвори во непријатно искуство. Апликацијата Škoda Connect веќе им помага на возачите на чешката марка за полесно да најдат паркинг. Оваа помош отсега е многу поефикасна.
Преку системот за навигација или преку Škoda Connect App, којашто може да се преземе од Apple App Store или од Google Play Store, возачите добиваат информации за најевтините и најблиски паркинзи на моментната локација или на некое одредиште. Покрај цените, се прикажува и бројот на слободни места – информациите се во реално време, доколку постојат услови за тоа. Последната верзија на апликацијата може и да навигира до слободното место за паркирање.
Основана на 2007 година, Паркопедија нуди детални информации за повеќе од 70 милиони места за паркирање во 15.000 градови во 89 држави ширум светот. Информациите се однесуваат на катни гаражи, јавни и приватни паркиралишта.
















