Mercedes S-Class од декември во салон, старт од 93.500 евра

mercedes s class цени

За новата генерација на S-Class, Штутгарт најавува дека е автомобил што се доживува со речиси сите сетила – со поглед, со допир, со слух и со мирис. Обемот на новини е толку голем што ќе се дознаваат и во следните неколку месеци.

Mercedes ги објави германските цени за новиот S-Class. Понудата во почетокот ја сочинуваат пет моделски изведби: Бензински S 450 и S 500 доаѓаат со 3,0-литарски шестцилиндарец во линија, со 367 и 435 КС. Во двата случаи станува збор за благ хибриден погон, со електромотор со моќност од 22 КС.

Понудата од дизели почнува со S 350 d, кој исто така има линиска конфигурација и 3,0-литри, со моќност од 286 КС. Посилната изведба на овој мотор се вградува во S 400 d со 330 КС. Во сите моделски изведби е стандард 9-степен автоматски менувач. Погонот на сите тркала 4Matic исто така следи стандардно, со исклучок на S 350 d.

Како ориентација за перформансите, основниот дизел S 350 d спринтува до темпо сто за 6,4 секунди, крајната брзина е ограничена на 250, додека потрошувачката во просек се движи меѓу 6,5 и 7,9 литри, зависно од динамиката на возење, според новата и реална норма WLTP. Бензинскиот S 450 4Matic во просек троши меѓу 7,8 и 9,4 литри.

Цени на моделските изведби на Mercedes S-Class

(за германскиот пазар)

S 450 4Matic · 106.650,40 евра, само во продолжена изведба L

S 500 4Matic · 115.130 евра

S 350 d · 93.438 евра

S 350 d 4Matic · 97.150 евра

S 400 d 4Matic · 103.994 евра

Некои од најважните ставки од дополнителната опрема:

Новиот 3D возачки дисплеј (1.148,40 евра) овозможува просторна слика со вистински впечаток за просторна длабочина, благодарение на Eye-Tracking.

Голем проекциски дисплеј со приказ на унапредена реалност (3.468,40 евра, заедно со 3D возачки дисплеј).

MBUX асистент за ентериер (626,40 евра) со помош на камери во таванот и самоучечки алгоритми препознава која функција сака возачот да ја вклучи во моментот.

Активно амбиентално осветлување (916,40 евра) со околу 250 LED е поврзано со системите за асистенција и оптички ги пренесува нивните предупредувања. Истото важи и при ракување со климата или со системот за говорни команди „Hey Mercedes“.

Задни воздушни перници (580 евра) значително ги смалуваат оптоварувањата на главата и вратот на патниците на задната клупа при тежок челен судир.

Со управувана задна оска (1.508 евра) S-Class во град се вози како компактен автомобил.

Револуционерната технологија на светла DIGITAL LIGHT (2.192,40 евра) овозможува сосем нови функции, на пример проектирање на помошни знаци или предупредувања врз коловозот.

>>> Mercedes S-Class: Најважните 10 новини кај ѕвездоносецот

Mercedes S-Class Најважните бројки и факти

Претходна објаваСтартува KiaMobility во Русија и Италија, наем на возило од час до година
Следна објаваСпецијална серија на Mini за победата на Монте Карло во 1964

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here