Стартува KiaMobility во Русија и Италија, наем на возило од час до година

Стартува KiaMobility во Русија и Италија, наем на возило од час до година

Корпорацијата Kia Motors започнува со новите понуди на услуги за мобилност. KiaMobility не започнува случајно во време кога луѓето бараат нови начини на превоз, во услови на корона-кризата. Компанијата самостојно го организира изнајмувањето на возилата, без посредство на рентакар-служби.

Новата услуга им нуди на корисниците можноста да изберат модел по желба, да платат преку мобилна апликација и да го посетат дилерот за преземање на возилото. Воедно е развиен сигурен систем на санитација на возилата, заради спречување на секаква можност за пренесување вирус.

KiaMobility од денес се нуди прво во Италија и Русија, на вкупно 16 локации. Во текот на следната година, услугата ќе се воведува ширум Европа, но и во други региони, како Африка, Азија, Латинска Америка и на Средниот Исток.

Понудата на услуги за мобилност е дел од стратегијата Plan S, чијашто основа се електричните и автономните автомобили. Оттука е сосем извесно дека возниот парк за изнајмување во иднина ќе се состои во најголем дел од електрични возила. Тоа е добро за животната средина и воедно е добро за самиот корисник, поради исклучително ниските работни трошоци. Услугата на Kia несомнено ќе придонесе за популаризација на електричниот погон.

Како што објавивме претходно, во август, Kia најави дека ќе стапи во соработка со глобално присутни компании за мобилност, со цел да се обезбеди пристап до услугите за мобилност ширум светот.

Во Кореја веќе функционира програмата за претплата на автомобил Kia Flex. Возниот парк се состои од 200 возила. Во Европа исто така е присутна услугата на Kia за јавно достапни возила за изнајмување, којашто се води како WiBLE и функционира уште од 2018 година. Системот се состои во тоа што преку апликација се наоѓа најблиското возило, коешто потоа се користи одредено време и се остава на кое било паркиралиште што е дел од мрежата.

Kia лани испорача 200 електрични возила Niro на компанијата Lyft во Северна Америка, а склучени се партнерства и со компании како Grab, Ola и Revv.

>>> Четири изведби на Kia Ceed, која е најдобриот избор?

Претходна објаваНа Toyota ѝ успеа хет-трик на 24 часа Леман
Следна објаваMercedes S-Class од декември во салон, старт од 93.500 евра

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here