На Toyota ѝ успеа хет-трик на 24 часа Леман

На Toyota ѝ успеа хет-трик на 24 часа Леман

Себастиен Буеми, Казуки Накаџима и Брендон Хартли го извозеа маратонот од преку 5.000 километри, победувајќи со пет кругови предност со Toyota TS050 Hybrid со стартен број 8.

За Себастиен и Казуки, ова беше трет последувателен триумф на Леман, што ги вклучува во ексклузивното друштво со само седум возачи кои постигнале ваков хет-трик во 97-годишната историја на трката. Брендон претходно победи во 2017 година.

Тркачкиот прототип со стартен број 7 што стартуваше од пол-позицијата, со Мајк Конвеј, Камуи Кобајаши и Хозе Мариа Лопез, суверено ја водеше трката, додека не се појави проблемот со издувниот систем. На крајот, #7 се избори за третото место, извозувајќи драматични последни 70 минути.

Со победата на Леман, како претпоследна трка во светското првенство во издржливост (WEC), Toyota Gazoo Racing ја обезбеди титулата на светски шампион во конкуренција на тимови, со 57 бодови предност пред Rebellion Racing. Ова е трета титула за тимот (претходно во 2014 и 2018- 2019) чијшто иницијали (GR) ги носат специјалните спортски изведби на „цивилните“ модели на Toyota.

Потрошувачката во споредба со 2012 е намалена за 35%, а од друга страна времето на круг е скусено за 10 секунди

Хибридниот болид од највисоката категорија на прототипи LMP1, со своите 1.000 КС и со погон на сите тркала, последен пат возеше на Ле Сарт. Технологијата со текот на времето напредуваше толку што во споредба со болидот од 2012 година, актуелниот TS050 Hybrid користи 35% помалку гориво. Покрај тоа, тркачкиот прототип вози круг за 10 секунди побрзо. На овој историски значаен автомобил му припаѓа и рекордот на круг во квалификации и рекорд на круг во самата трка. На тоа следат уште четири последувателни пол-позиции и три победи.

https://photos.app.goo.gl/WE8naT4sVRYCDyoN8

Победата и хет-трикот воедно му го обезбедија најдоброто можно деби на GR Super Sport. Овој хиперавтомобил, со техника и експертиза стекната на Леман, се појави на патеката во претсериска верзија, непосредно пред почетокот на 24-часовниот тркачки маратон. Автомобилот што наскоро ќе се појави во сериската изведба, имаше задача да го донесе победничкиот трофеј, пред почетокот на трката во 14.30 часот во саботата.

TS050 Hybrid со стартен број 7 водеше со еден круг предност, на околу половина од трката. Но, кусо пред 3 часот, со Камуи зад воланот, прототипот одненадеж изгуби моќ и Јапонецот се упати кон боксовите. Оштетената издувна цевка беше заменета за помалку од 30 минути. Камуи се вклучи на четвртото место, со шест кругови заостаток и чегтири кругови зад третопласираниот Rebellion со стартен број 3.

https://photos.app.goo.gl/49osnKsCTUHTAFVR8

Водството го презеде Toyota со стартен број 8, која претходно и самата имаше проблеми, прво со продупчена гума, а потоа со разладен канал за сопирачките, што беше оштетен од отпад на патеката. Тимот мораше двапати да ги посети боксовите, пред 10-минутната поправка во седмиот час од трката. По враќањето во трка, #8 продолжи веднаш зад #7 на колегите.

Себастиен, Казуки и Брендон постигнаа голема предност од пет кругови. Казуки трета поседувателна година ја мина целната линија и постигна победа на 24 часа Леман, осигурувајќи го статусот на најуспешен јапонски возач на Ла Сарт.

Резултатот од 24 часа Леман во класа на прототипи LMP1:

1-во место #8 TOYOTA GAZOO Racing 387 кругови

2-ро место #1 Rebellion (Senna/Menezes/Nato) +5 кругови

3-то место #7 TOYOTA GAZOO Racing +6 кругови

4-то место #3 Rebellion (Dumas/Berthon/Deletraz) +6 кругови

5-то место #22 United Autosports (Hanson/Albuquerque/di Resta) +17 кругови

6-то место #38 JOTA (Davidson/da Costa/Gonzalez) +17 кругови

>>> Toyota првпат во јавност со новиот суперспортски модел

Toyota GR Super Sports

Претходна објаваTesla пред нов рекорд, Илон Маск со апел до вработените
Следна објаваСтартува KiaMobility во Русија и Италија, наем на возило од час до година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here