Ford ќе произведува електрична изведба од пикапот F-150

ford-f-150 електричен тизер

Ford се приклучува на електро-бранот. Во седиштето во Дирборн, во близина на Детроит, ќе се гради нова фабрика за електрични товарни возила. Првиот модел од новата фабрика ќе биде електрична верзија на пикапот Ford F-150.

Во тизерот со којшто Ford го најавува електричниот пикап се прикажува само темен кадар од предниот дел од возилото. Каросериската структура и додатоците ќе бидат преземени од стандардната изведба на F-150. Електричната изведба веројатно ќе располага со багажен простор под хаубата.

Моделот со погон на струја ќе се разликува по графиката на светлата. По целата ширина на возилото се протега лента од светлечки диоди, којашто на краевите продолжува надолу под прав агол. Правоаголната маска што е врамена од светлечките диоди не се распознава на тизерот, но е сосем извесно дека таа ќе биде затворена, како што е вообичаено кај електричните возила. Тоа ќе годи и на аеродинамичноста.

Ford уште не открива детали околу погонот. Електричните модели во поглед на моќноста обично го означуваат врвот во моделската понуда, така што и Ford F-150 Electric нема да отстапува. Тоа значи дека електричната верзија ќе го надмине сегашниот топ-модел, кој располага со 457 КС.

На секоја оска ќе работи по еден електромотор. Батеријата ќе биде вградена во самата носечка рамка на возилото. Ford веќе патентираше такво решение. Тоа ќе заштеди простор и ќе ја зголеми крутоста на возилото. Првите прототипи ќе се изработат в година, продажбата ќе стартува во 2022 година.

>>> Ford F-150 со погон на струја повлече вагони тешки 450 тони

Претходна објаваНовиот 1.0 TSI на Skoda добива плазма-слој место „хилзни“
Следна објаваTesla пред нов рекорд, Илон Маск со апел до вработените

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here