Ford F-150 со погон на струја повлече вагони тешки 450 тони

Foprd Electric F-150 vlecenje vagoni
Foprd Electric F-150 vlecenje vagoni

Ford на својствен начин ја најави идната изведба со погон на струја од својот шампионски пикап F-150. Прототип на моделот ја прикажа исклучителната влечна моќ на електричниот погон, повчекувајќи 10 двокатни вагони. Во овие вагони обично се превезуваат автомобили. Целата железничка композиција за овој потфат тежеше над 450 тони.

Електричниот пикап ги влечеше десетте вагони на растојание од 1.000 стапки, односно 305 метри. Тоа е должина што одговара на 42 примероци од пикапот F-150. Бројката има посебна симболика, затоа што овој модел на пикап на Ford е најпродаван во САД цели 42 години наназад.

Ford ќе стартува со продажба на хибридната изведба на F-150 во следната година, а подоцна ќе следи и верзија со погон само на струја.

Претходна објаваТест: Skoda Scala 1.0 TSI 115 Ambition
Следна објаваToyota Prius PHV може да полни батерија и на штекер

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here