Toyota Prius PHV може да полни батерија и на штекер

Toyota Prius Plug-in Hybrid
Toyota Prius Plug-in Hybrid

Toyota Prius е „хибридниот автомобил“, останатите се плагин-хибриди, односно со приклучок за надворешно полнење на батеријата. Без разлика што хибридите на Toyota и натаму се продааваат повеќе од сите плагин-хибриди заедно, Prius исто така постои во таква изведба, позната и како Prius PHV. Моделот сега доби освежување.

Нови бои, неколку нови детали во внатрешноста и преработена задна клупа се досем доволни за Toyota Prius Plug-in Hubrid да го продолжи својот пазарен успех. Околу изведбата на ова култно моделско име со приклучок за полнење на батеријата не се крева многу врева на сцената – зашто тоа сосем добро го прават класичните хибриди на Toyota, веќе 20 години наназад.

Но, дури и овој Prius Plug-in Hybrid, односно Prius PHV, пак се изборува за предимство во споредба со останатите плагин-хибриди. Според новата и реална норма WLTP, досегот на Ptrius PHV при возење само со енергијата во батеријата изнесува 59 километри. Крајната брзина притоа изнесува 135 километри на час.

Доколку се стартува со полна батерија, Toyota Prius PHV ќе потроши само 1,3 литар бензин на сто километри – 59 km ќе ги извози чисто на струја, останатите 41 km со комбинирана работа на моторот и електромоторот.

Секако дека постои причина за високата ефикасност. Prius PHV поседува топлинска пумпа, којашто ја користи топлината од надворешниот воздух, место топлината од моторот, како кај другите системи. Покрај тоа што оваа топлина може да се користи за загревање на кабината зиме, истата служи и за батеријата да се загрее доволно при полнењето. На тој начин, студот не предизвикува скусување на досегот.

https://photos.app.goo.gl/McaFfUXw6fFJZh3G7

Друга посебност е соларниот модул што се поставува на покривот. Во нормални услови, овој модул може дневно да произведе енергија за пет километри возење. При двеста сончеви денови во годината, на тој начин се добиваат околу 1.000 километри „гратис“ на годишно ниво.

Откако Toyota го понуди соларниот модул на покривот како опција во септември ’16, повеќе од 1.700 купувачи се решиле за таква моделска изведба на Prius Plug-in Hybrid. Тоа значи дека сите овие возачи заедно користат енергија од сонцето за 1.700.000 километри возење на годишно ниво.

https://photos.app.goo.gl/cwgQP1AMUDWHt4MQA

Промените во внатрешноста за новата моделска година се забележуваат во пиано-црните украси на воланот и на бирачот за возење, а има и поквалитетни облоги на седиштата. Нови бои за каросеријата се кармин-црвена и црна со бисерен ефект.

https://photos.app.goo.gl/LCmZzZ94ARxqdHjA9

Prius Plug-in Hybrid уште во основната моделска изведба поседува мултимедиски и навигациски систем Toyota Touch&Go, матрични диодни светла, камера за рикверц, пристап без клуч и двозонска клима што препознава дали совозачкото седиште е зафатено. За безбедноста се грижат Toyota Safety Sense, со самостојно запирање и препознавање пешак на пат, систем за следење лента со активен зафат, автоматско долго светло, камера за знаци и препознавање замор.

Класичната изведба на Toyota Prius кај нас стартува од 26.990 евра.

Претходна објаваFord F-150 со погон на струја повлече вагони тешки 450 тони
Следна објаваМетан почна да се точи на Макпетрол во Гевгелија, наскоро и во Битола

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here