Како работат светлата што сами се палат и гасат

Skoda Како работат светлата што сами се палат и гасат

Доколку имате забележано дека сите нови автомобили имаат автоматско вклучување на светлата, одлично сте забележиле. Овој автоматски режим е задолжителен за сите нови автомобили во Европската Унија. Кога ќе се вклучи овој модус, возачот повеќе не мора да ги вклучува и исклучува светлата пред и по секое возење. Дење си работат дневните светла. Значи, како навистина функционираат автоматските светла?

Кога ќе влезете во тунел, на пример, дневните светла се префрлуваат на соборено светло во рок од само две секунди. Тоа е точно пропишано со стандарди. Сензорот зад ветробранот, кој или е вграден во ретровизорот или е во средина на арматурната табла, препознава кога ќе се сменат светлосните услови и кога има потреба да се вклучи осветлување за ноќе. Видот на сензорот зависи од конфигурацијата на возилото.

Сензорот не ги контролира само светлата. Тој собира податоци и од бришачите за ветробранот, но и од клима-уредот. Овие податоци понатаму ги анализира BCM (Body Control Module). Тоа е контролна единица што пресметува и ги пренесува наредвите, на пример до светлата. BCM се наоѓа под арматурната табла, близу кутијата со осигурувачи.

https://photos.app.goo.gl/mrepVW2QjAEbC51P6

Сензорот RLSF (тоа е кратенка од германските зборови за дожд, светло, влага и сонце – Regen, Licht, Feuchtigkeit и Sonne) во внатрешниот ретровизор чита и светлост и енергија во подрачјето на инфрацрвеното зрачење. Овој сензор го препознава прекршувањето на зраците и на тој начин одредува дали надвор е темнина или врне. Зависно од резуилтатот, сензорот испраќанаредба до BCM дали да ги активира светлата и бришачите или дали да ги исклучи.

Сензорите разликуваат меѓу темнина и сенка, денешната техника работи мошне сигурно и безбедно

Постои и поедноставен сензор што се поставува врз арматурната табла и тој само го чита видливиот светлосен спектар околу возилото. Двете верзии на сензорите се конструирани за да гарантираат дека електрониката ќе разликува влегување во тунел од возење по авенија со дрворед покрај патот. Тоа значи дека сензорот разликува дали е темнина или е само сенка.

Стемнувањето или возењето низ тунел не се единствените случаи во коишто дневното светло се префрлува на соборено светло. Доколку бришачите на ветробранот се пуштени мануелно или автоматски и работат една минута, електрониката испораќа информација да се изврши префрлување од дневен во ноќен модус. Единствените светла што треба да се исклучат или вклучат рачно се магленките.

Секако дека и во оваа можност ќе порачаме до несовесните возачи: Не ги користете магленките кога видливоста е добра, на тој начин ги заслепувате и ги загрозувате останатите учесници во сообраќајот, а со тоа и себе!

Експертите за светла на Škoda, од коишто ни пристигаат овие информации, посочуваат на новиот начин на ракување со функциите на светлата кај четвртата генерација на Octavia. Нема повеќе ротациски прекинувач, туку има само копчиња. Кога возилото е паркирано, светлата може да бидат во Auto, на соборено светло, на позициско светло или целосно да бидат исклучени. При возењето може да се избира меѓу Auto и соборено светло. Тоа ја спречува можноста светлата целосно да се исклучат по грешка во текот на возењето. Без разлика на претходната положба, при следното стартување на возилото автоматски се вклучува модусот Auto.

https://photos.app.goo.gl/CBUavsZ6VztgYv428

>>> Тест: Skoda Octavia 2.0 TDI DSG Style

Претходна објаваФабриката на Mercedes во Бремен го произведе 9-милионитото возило
Следна објаваБројот на возила во Белгија намален првпат по 75 години

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here