Американскиот огранок на Kia во минатиот месец продал 57.015 возила, со Forte и Sorеnto како најпродавани модели, соодветно со 8.414 и 7.809 примероци. Продажбите на приватни лица, исклучувајќи ги службените возила, учествуваат со 98 проценти во вкупната продажба. Тоа дава вкупно 56.015 возила, што е втора најдобра приватна продажба на месечно ниво во историјата на kia Motors America.
Резултатите се должат најмногу на големиот СУВ за американскиот пазар Telluride, чијашто продажба во август се зголемила за 11,2 проценти во споредба со претходниот месец. Тоа е историски најдобра месечна продажба на моделот, со вкупно 7.588 примероци.
Одлично се покажува и новиот Seltos, кој има втор рекорден месец во низа и 5.314 продадени примероци во август. Иако сегментот на лимузините се скусува, комплетно новата генерација на K5 – кај нас познат во претходната генерација како Optima – постигна добар старт во минатиот месец и има изгледи да забележи голем раст во продажбата.

Директорот за продажба Бил Пефер, ги оценува продажните резултати: „Со рекордни достигнувања на Telluride и Seltos, како и со значително зголемување на продажбата на нашата лимузинска понуда, со комплетно новиотѕ K5 и со популарниот контакт Forte, Kia продолжува да бележи натпросечни резултати во браншата.“ Менаџментот на Kia очекува дека нагорниот тренд ќе се задржи и во третиот квартал, како и во натамошниот период.
Telluride, Sorento и K5 за американскиот пазар се произведуваат во локалните фабрики на Kia.
Продажба на патнички и СУВ-модели на Kia на пазарот во САД
| Август | Вкупно ’20 | |||
| Модел | 2020 | 2019 | 2020 | 2019 |
| Rio | 2,097 | 2,752 | 15,900 | 17,464 |
| Forte | 8,414 | 9,420 | 55,268 | 67,005 |
| Optima | 3,307 | 9,259 | 47,081 | 68,460 |
| Cadenza | 53 | 126 | 823 | 964 |
| Stinger | 1,101 | 1,422 | 8,879 | 9,435 |
| K5 | 3,631 | N/A | 4,899 | N/A |
| K900 | 34 | 39 | 184 | 279 |
| Soul | 6,968 | 8,701 | 48,631 | 71,642 |
| Niro | 1,991 | 2,352 | 11,550 | 16,229 |
| Seltos | 5,314 | N/A | 23,896 | N/A |
| Sportage | 7,672 | 9,593 | 55,235 | 58,241 |
| Sorento | 7,809 | 9,160 | 53,613 | 64,434 |
| Telluride | 7,588 | 6,374 | 37,786 | 34,160 |
| Sedona | 1,036 | 1,532 | 9,086 | 10,666 |
| Вкупно | 57,015 | 60,730 | 372,831 | 418,979 |
















