Uber ќе вози во Европа со електрични Renault и Nissan

Uber ќе вози во Европа со електрични Renault и Nissan

Планот е преку апликацијата на Uber во иднина да може посебно да се избере превоз со електричен автомобил. Новата функција ќе се воведе во Франција, Холандија, Португалија и Велика Британија. Тоа се земјите во кои Nissan и Uber веќе реализираат еден пилот проект.

Писмото на намери меѓу компаниите е дел од најавата на Uber, возилата што не испуштаат штетни материи да бидат најзастапени во платформата на компанијата. До 2025 година, половина од километражата на возилата на Uber во седумте европски метрополи (Амстердам, Берлин, Брисел, Лисабон, Лондон, Мадрид и Париз), ќе се поминува со електрични возила.

Корисниците на Uber во овие градови, што сочинуваат 80% од европскиот бизнис на Uber, најдоцна до крајот на следната година ќе можат да избираат превозот да биде со електричен автомобил.

Компаниите моментно бараат начини за преку соработката да го забрзаат воведувањето на електричните возила:

– Возачите на Uber преку апликацијата ќе добијат пристап до електричните возила, како Renault Zoe или Nissan Leaf, како и до идните нови модели на двете марки.

– Примена на британскиот пилот проект во Франција до крајот на 2020 година, по што ќе следат Холандија, Португалија и други пазари.

– Заеднички маркетинг и обуки, за возачите на Uber да се запознаат со понудите и со предностите на електричните возила. Тоа опфаќа и тест-возења.

>> Renault Zoe е најпродаван електричен модел во Германија

Претходна објаваШведски електричен глисер лета над вода
Следна објаваGeneral Motors и Honda ќе соработуваат во Северна Америка

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here