General Motors и Honda ќе соработуваат во Северна Америка

General Motors Honda северна америка

General Motors и Honda потпишаа писмо на намери за воспоставување на партнерство во Северна Америка. Со соработката се предвидува заеднички развој на возила што ќе се продаваат под посебните марки на партнерите, како и заеднички набавки, истражување и развој.

Во планираниот сојуз, Honda и General Motors ќе соработуваат во најразлични сегменти на возила за северноамериканскиот пазар. Тоа значи користење заеднички платформи, со електричен и со обичен погон. Инженерингот ќе стартува веќе во почетокот на 2021 година.

Веста доаѓа откако двете компании во април потпишаа спогодба за заеднички развој на две нови електрични возила под марката Honda, коишто ќе ја користат приспособливата платформа за електрични возила на General Motors, како и батериите Ultium. Партнерството GM-Honda трае подолго од две децении и вклучува соработка и во полето на водородниот погон, во батериите и во автопилотираното возило Cruise Origin.

Двете компании во април објавија дека Honda ќе ги вклучи услугите на системот General Motors OnStar за безбедност, сигурност и поврзување во своите две комплетно нови електрични возила што ќе се базираат врз глобалната платформа на General Motors за електрични возила, и истите ќе ги соедини со сопствениот HondaLink. Таа сорасботка понатаму би водела кон заеднички развој на идни онлајн-услуги што ќе се базираат врз технологијата OnStar на General Motors.

>>> Роботски комбиња превезуваат тестови за Ковид во клиниката Мејо

Претходна објаваUber ќе вози во Европа со електрични Renault и Nissan
Следна објаваКако Македонија од 186.000 тони дизел почна да троши 535.000 тони дизел годишно

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here