Августовската продажба на Volvo повисока за 7,2 проценти

Шведскиот производител испорача 51.239 автомобили во август. Зголемената продажба на Volvo се темели првенствено на одличната побарувачка за СУВ-моделите на марката.

Во првите осум месеци, Volvo Cars продал 383.492 автомобили, што е за 13,5 проценти помалку во споредба со истиот период лани. Моделските изведби што ја носат ознаката Recharge и поседуваат приклучен хибриден или електричен погон, и натаму уживаат висока популарност меѓу купувачите. Уделот на моделските изведби Recharge се зголемил двојно во периодот од јануари до август, во споредба со лани.

Продажбата во Европа достигнала 17.458 автомобили во август, што е 4,9 проценти повеќе од истиот месец во 2019 година. Вкупно од јануари, европскиот пазар е 21,9 проценти во минус.

Во Кина, во минатиот месец биле испорачани 15.835 автомобили или за 11,4 проценти повеќе од август лани. До август, најголемиот автомобилски пазар во светот пораснал за Volvo за 1,5 процент.

Американскиот пазар следи со 10.378 автомобили, дури 12,9 проценти повеќе од август лани. Од почетокот на годината се продадени 63.330 автомобили, што е за седум проценти под резултатот за истиот период лани.

За осум месеци, XC60 достигнал вкупно 112.560 возила (2019: 126.912 возила), втор е XC40 со 100.913 возила (2019: 82.262 возила) и трет е XC90 со 53.635 возила (2019: 62.665 возила).

Најпродаван модел на Volvo останува XC60, шведски СУВ од средната класа. Втор е компактниот XC40, додека престижниот XC90 е на третото место на најпродавани модели на шведската марка. СУВ-моделите учествуваат со дури 70,7 проценти во вкупната продажба на Volvo. Овој удел се зголемил за 63,6% во споредба со лани.

Швеѓаните јавуваат за позитивен тренд со онлајн-продажбата и онлајн-услугите во август. Се зголемува интересот за претплатничкиот модел Care by Volvo, кој моментно е достапен само на најголемите пазари за марката.

Продажба на Volvo на светскиот пазар во август

Август

Јануари – август

2020

Тренд

2020

Тренд

Европа

17,458

4.9%

169,193

-21.9%

Кина

15,835

11.4%

95,986

1.5%

САД

10,378

12.9%

63,330

-7.0%

Останати

7,568

-2.4%

54,983

-14.0%

Вкупно

51,239

7.2%

383,492

-13.5%

>>> Тест: Volvo XC60 D4 AWD Geartronic

Претходна објаваToyota втора, Lexus прва најиздржлива марка според британски Which
Следна објаваSuzuki Jimny на струја според дизајнерска замисла

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here