Toyota е најдобро пласирана „волуменска“ марка во истражувањето на британскиот потрошувачки магазин Which? за издржливоста на автомобилите на пазарот во островската држава. Во анкета меѓу 47.000 возачки и возачи, Toyota во генерален пласман е втора најиздрлжива автомобилска марка – пред неа е единствено сопствената премиум марка Lexus.
Овој апсолутен триумф станува уште поубедлив кога ќе се земат предвид дури 19-те наслови на „најдобар избор“ за моделите на Toyota, според оцените на влијателниот потрошувачки магазин што оценува објективно во корист на купувачите. Секако дека тоа е најголем број на „бест-бај“ меѓу сите марки во истражувањето.
Which? дава свое објаснување околу убедливата победа на јапонската групација: „Автомобилите на Toyota не се само чуда во издржливоста. Најновата генерација хибриди повторно ги помести границите на штедливоста.“ Магазинот воедно дава одлични оцени и за достапноста на моделите на Toyota, за доверливоста во нив и за едноставното возење.
Менаџерите не пропуштаат ваков одличен повод, да ја дополнат еуфоријата: „Луѓето што ги поседуваат и ги користат нашите автомобили се најдобри судии за квалитетот. Навистина е фантастично тоа што преку анкетата на Which?, тие искажаа толку позитивни оцени. Toyota долго време е докажана како светски пионер во хибридниот погон и продолжуваме да ги подобруваме неговите перформанси – најнов пример за повторното подигнување на ефикасноста е системот што е развиен за новиот Yaris.“
>>> Топ 10 Најдостапни модели во градската класа

















