Европскиот пазар во јули бил само 5% во минус

Секое седмо BMW или Mini во Европа вози на струја
Секое седмо BMW или Mini во Европа вози на струја

Продолжува да се враќа автомобилскиот пазар во Европа. Во јули биле продадени 1,3 милион автомобили, што е значаен напредок во споредба со јунските 1,1 милион возила. Вкупно до јули, продажбата на европскиот пазар заостанува за 36% зад првите седум месеци лани.

Продажбата се враќа, но тоа не важи во подеднаква мера за сите производители. Концернот Volkswagen е неприкосновен на врвот, со 329.479 продадени автомобили во јули. Тоа е двојно повеќе во споредба со Peugeot SA, кој во истиот месец продал 178.753 автомобили. Разликата меѓу двата концерни е во динамиката со којашто се враќа продажбата. Додека германскиот концерн заостанува само 5 проценти зад ланскиот резултат, Французите уште имаат сериозен кусок, со -17 проценти.

Единствено Fiat Chrysler има поголем пад од Peugeot SA, со минус 20 проценти во јули. Падот реално е уште поголем, затоа што итало-американскиот концерн ја води продажбата пред ЕУ заедно со Tesla – причината за оваа необична коалиција е трговијата со CO2. Кога нултата емисија на штетни материи на возилата на американскиот производител на електрични автомобили ќе се додаде на емисијата што ја имаат возилата на Fiat и Chrysler, ЕУ добива просечна вредност на СО2 што е под нејзиниот лимит од 95 грами на километар.

Renault, BMW, Kia и Volvo се единствени што годинава во јули продале повеќе возила отколку во истиот месец лани

Меѓу поголемите производители, групацијата BMW моментно е во најдобра позиција. Баварците во јули постигнале раст во продажбата од 18 проценти во споредба со истиот месец лани. Ветува и вкупната продажба од почетокот на годината, којашто со -28% под ланскиот резултат пак е на подобар пат отколку кај повеќето конкуренти.

Сосем е спротивна ситуацијата кај СО2-сојузниците Fiat Chrysler и Tesla, кои годинава заостануват 44% зад ланскиот резултат. Во поглед на електричните возила, нивниот удел во јули достигнал 9 проценти. Volvo има најмногу возила со електрифициран погон во вкупната продажба на марката, со удел од 31 проценти. Daimler и BMW го зголемиле уделот на возила со електромотор во погонот од 11% во јуни, на 15-16 проценти во јули.

Просечната емисија на СО2 од сите автомобилски марки се смалила во јули и сега е оддалечена околу 7 грами на километар под лимитот за 2020 година.

>>> Европскиот пазар и натаму во минус, Peugeot и Fiat со најголем пад

Претходна објаваAudi му помага на Porsche да ја удвои продукцијата на Taycan
Следна објаваToyota втора, Lexus прва најиздржлива марка според британски Which

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here