Porsche има слатки проблеми. Пазарот бара многу повеќе примероци од електричниот супертурер Taycan, отколку што очекуваше менаџментот. Проблемите од ваков вид порано важеа како слатки. Ако роковите за чекање на одреден модел се предолги, купувачите одат кај конкуренцијата. За тоа да не се случи, Porsche ангажира вработени од фабриките на Audi.
Porsche добива помош од партнерот од концернот Audi, во производството на електричната спортска лимузина Taycan. Фабриката во Цуфенхаузен, во близина на Штутгарт, нема капацитет да произведува толку примероци од Taycan колку што бара пазарот. За да се надмине овој проблем, што може да биде многу сериозен и практично да го „уништи“ моделот, затоа што купувачите во спротивно ќе заминат кај конуренцијата, Porsche ангажираше вработени од Audi. Цуфенхаузен веќе ја зголеми продукцијата двојно. Тоа е вистинската моќ и стратешка виртуозност на автомобилските концерни.
Porsche се чини како да не очекуваше дека пазарот ќе покаже толкав интерес за електричниот автомобил под марката што се има прославено со боксери и турбополначи. Годишната продукција за Taycan изнесува 20.000 примероци. Тоа ниту оддалеку не е доволно да се покрие побарувачката. Роковите на испорака почнаа да се оддолжуваат. Откажан е стартот на комби-купе изведбата Taycan Cross Turismo, токму поради преоптовареноста на фабриката. Менаџментот во меѓувреме реагираше и на помош пристигна Audi.

Околу 400 вработени во фабриката на Audi во Некарсулм, моментно се префрлени на работа во Цуфенхаузен. Првата припомош од Audi почнала да пристига во фабриката на Taycan уште во јуни.
Како резултат од оваа интервенција, годишната продукција ќе се зголеми од 20.000 возила на 40.000 возила. Audi во Некарсулм ги произведува моделите A4, A5, A6, A7, A8 и R8.
>>> Porsche го собра медот: Дело на 650.000 порше-пчели
















