Porsche го собра медот: Дело на 650.000 порше-пчели

porsche turbienchen мед цуфенхаузен

Заврши првата сезона за околу 650.000 порше-пчели во Цуфенхаузен. Резултатот е 250 килограми цветен мед. Производителот на спортски автoмобили пролетоска насели 13 пчелни семејства на ливада што е купена посебно за таа цел.

Овошни дрва, жбунови и ливадско цвеќе обезбедуваат добра прехрана за пчелите. Медот е наполнет во 1.000 стаклени тегли. Под името „Turbienchen – Der Honig von Porsche Zuffenhausen“, медот во овие тегли од по 250 грами веќе е достапен во продавниците на партнерите, како и во музејот на Porsche во Цуфенхаузен.

Turbienchen е германска кованица од Turbo, како еден од заштитните знаци на Porsche, и Bienchen, односно пчеличка, значи буквално турбо-пчелички.

Иницијатори на проектот се сопствениот гастрономски синџир на Porsche и менаџментот за заштита на животната средина. Пчелите ќе презимат на тековната локација, на сопствената ливада на спортската марка. Напролет тие ќе бидат пуштени повторно и со тоа ќе следи новиот круг на овој проект со којшто Porsche ја покажува свесноста за животната средина.

Повеќе од половината од 560 локални видови пчели во Германија се во опасност од изумирање. Цуфенхаузен е втора локација на Porsche, на којашто се чуваат пчели. Во близина на фабриката во Лајпцих уште од 2017 година живеат околу три милиони пчели на придодна површина од 132 хектари.

Porsche, трите милиони пчели и турбо-медот

Претходна објаваШведска, Норвешка и Германија први возат електричен Volvo-Polestar
Следна објаваНовиот монокок на McLaren е предвиден и за електричен погон

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here